Лучила Трапацо е швајцарска/италијанска поетеса, преведувачка, уметница и перформерка. Живеела и творела во многу светски културни центри, меѓу кои и Брисел, Вашингтон и Њујорк, но денес живее во Цирих, Швајцарија. Ги поддржува човековите права и се залага за зачувување на планетата Земја, а нејзината социјална и феминистичка и т.н. женска гледна точка се рефлектира во многу нејзини дела. Учествувала на многу меѓународни фестивали (меѓу кои и Струшките вечери на поезијата во Македонија), а нејзините песни се преведени на 18 јазици и објавени во меѓународни антологии и литературни списанија, како и наградени со бројни награди.
Анатол Кнотек (Anatol Knotek), Времето минува (Time Passes By), визуелна песна Што го прави едноставниот знак чин на комуникација, јазичен чин и, конечно, чин на поезија? Што ...