ИВАН ХЕРЦЕГ (1970), поет, раскажувач и уредник. Дипломирал Хрватски јазик и книжевност на Филозофскиот факултет во Загреб. Автор е на поетските книги: Нашите други имиња; Ноќ на асфалтот; Снимки на земните воздишки; Ангели во жалост; Неправилности; Кога ќе дојде Вавилон; а во ракопис му е збирката Нулти живот, како и на збирката раскази Голи. Обитник е на голем број книжевни награди: Горан за млади поети, Здравко Пуцак, Рикард Јоргованиќ. Преведуван е на унгарски, романски, шпански, кинески, англиски, македонски, словенечки, полски, бугарски. Главен уредник е на списанието „Поезија“.
КОГА ЌЕ ДОЈДЕ ВАВИЛОН Татко ми сади шумататко ми чешла лозје.Тој никогаш не спиеоти сака да знаекога ќе дојде Вавилон. Додека се откажува од земјата,прегрнува облак...