logo
  • Почетна
  • Автори
  • Архива
  • Скопје
  • Импресум
  • Елементи
    • Поезија
    • Проза
    • Драма
    • Есеи
    • Интервју
  • Блог

Author: Габриела Стојаноска-Станоеска

Home > Articles posted by Габриела Стојаноска-Станоеска

Габриела Стојаноска-Станоеска

Габриела Стојаноска-Станоеска (Прилеп, 1978) дипломира и магистрира на Катедрата за oпшта и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Предава македонски и е главна и одговорна уредничка на списанието за литература, уметност и култура „Стремеж“ во издание на НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп. Со поддршка на Министерството за култура, Габриела Стојаноска-Станоеска ги има објавено следниве книги: збирките раскази: - „Гола“Арлекин-ГФ, Прилеп 2007 - „ПРИКАЗНИ ЗА КРАТКОСТА – раска(з)(ж)и за своја душа“ Сигмапрес Скопје, 2019 - научната студија: КУСИОТ РАСКАЗ И СОНОТ - компаративни паралели низ призмата на неколку критички методи“ Сигмапрес Скопје, 2018 - збирката драми: „ДРАМИ ( Трудници / Тајни)“ Прилеп, 2020 е нејзина четврта, најнова книга на која авторката воедно е и уредник како физичко лице. Има добиено повеќе награди, меѓу кои: прва награда на конкурсот за краток расказ на „Студентски збор“, две први награди на двата конкурса за краток-краток расказ на интернет порталот Окно, откупна награда на Конкурсот за краток расказ на „Нова Македонија“, трета награда на конкурсот за краток расказ на Фондот на холокаустот на Евреите на Македонија. Во 2020 г. за нејзината втора збирка раскази ја доби наградата „Македонска книжевна авангарда“, а добивала и награди за раскази и песни на конкурсите на Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“ – Гостивар, Мариовско-мегленски средби, „Маџирмаалски поетски бранувања“, на конкурсите за краток расказ на Организација на жените – Битола и НУБ „Св. Климент Охридски – Битола“ и други. Пишува поезија, проза, драма, есеи и рецензии и објавува во повеќе печатени и електронски списанија. Застапена е со расказ во антологиите: Contemporary short story, BEST of Sarajevo Notebooks II., „Сто македонски раскази“ (Тренд, Феникс, Скопје), „Електролит 2007“ (Темплум, Скопје),„Приче за понети“ и „Најкраħе приче 2008“ (Алма, Белград), во малата антологија на современата македонска микрофикција „Летаат приказни“ (2019) и други.

ОХРИД ЛАКУС

17/01/2022 in Проза by Габриела Стојаноска-Станоеска
Зградата на седиштето на Меѓународната астрономска унија во Париз беше речиси испразнета. Пурпурната квечерина навеваше освежувачки кислород и мирис на влажна трева низ единствените отворени прозорци на првиот кат. Додека младиот чистач, во веќе затемнетиот пуст ходник, оддалеку, со нервоза ја набљудуваше вратата на последната просторија број десет, внатре двајцата средовечни научника се подготвуваа да Read More >

ЕЛЕМЕНТИ – Број 8

ПРЕВЗЕМИ Број

ПОДДРЖАНО ОД

Министерство за Култура

Град Скопје

ЕЛЕМЕНТИ

  • Блог
  • Драма
  • Есеи
  • Интервју
  • Поезија
  • Проза
  • Скопје

ЗА НАС

ИЗДАВА

ЗРУМ „ПЕРУН АРТИС“ – Битола

Главен уредник

САШО ОГНЕНОВСКИ

ISSN 2671 - 3950

КОНТАКТ

Цар Самоил 126а
7000 Битола

info@elementi.mk

ЕЛЕМЕНТИ

  • Блог
  • Драма
  • Есеи
  • Интервју
  • Поезија
  • Проза
  • Скопје

ПОДДРЖАН ОД

Министерство за Култура

Град Скопје

© Електронско списание за книжевност - ЕЛЕМЕНТИ