Филип Димевски е дипломиран филолог по полски јазик и книжевност и македонски јазик. Дипломирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Преведува современа полска проза, класични дела, како што се лауреатите на Нобеловата награда Хенрик Шенкевич, Владислав Рејмонт, Чеслав Милош, но и класиците Витолд Гомбрович, Станислав Виткевич, Болеслав Прус и др, и литература за деца и млади. Основач е и активно работи како уредник и редактор во издавачката куќа Бегемот, а организатор е на книжевно-мултимедијалниот фестивал „ArtArea/Артерија“. „Секојдневието на Војомир“ е негово прво авторско дело.
ГРАДСКА РИМА набрзина го протна тефтерчето во штофениот капут, си ја поправи пеперутката врз белата кошула, го поднакриви карираниот качкет на главата, фрли послед...