Јас се викам Емилија Узелац. Студентка сум на трета година по драматургија на Академијата за уметности во Нови Сад. Моментално живеам во Бечеј, а по потекло сум од Бачки Јарк. Завршиц гимназија во Карловац, потоа кратко студирав српски јазик и литература, но мојот интерес за филм и театар ме одведе на факултетот каде што сум сега. Учествував на овогодинешното јавно читање на Стерииното позорје и пишував рецензии за претставите. Во мојата претходна работа сфатив дека уживам во пишувањето комедии или трагикомедии во кои ликовите често се под просекот на таканареченото општествено скалило. Таква е драмата „Балада за Клодел“, од која прикачив една сцена. Драмата е адаптација на истоимениот роман од Ерскин Колдвел и ја следи судбината на едно младо девојче во мало земјоделско гратче во Грузија.
БАЛАДА ЗА КЛОДЕЛ Петта сцена – Незгода во дуќанот на Харли Призли Дуќанот на Харли Призли. Пред дуќанот има клупа на која спие пијан старец, а под неа, на земја, сп...