Дијана Петрова е родена 1992 во Делчево. Дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ Скопје. Работи како професорка по македонски јазик и литература. Има издадено три книги: „Бдеењто над себе“, „Не правете им сенка на гробовите“ и „Излегувањето од сенка (Тајното женско училиште).
Султана ги организираше собирите на реката, а јас бев назначаена како главна учителка. Димитар ми носеше учебници, новини и списанија кои на почеток јас им ги читав и преку нив ги учевме буквите. Некои од богатите домаќинки кои доаѓаа како перачки на реката, сакаа да даваат дарови како благодарност,...