Денис Шкофич (1985) е поет, прозаист и книжевен критичар. Автор е на три стихозбирки: „Шетач на птици“ (Белетрина, 2013) – номинирана за Јенковата награда и за наградата „Критичко сито“; „Посегнување“ (Цанкарјева заложба, 2017) – повторно номинирана за Јенковата награда; и „Тускулум“ (Цанкарјева заложба, 2023), за која во 2024 година, покрај новата номинација за Јенковата награда, ги доби и Цанкаревата награда за најдобро оригинално литературно дело од претходната година, како и Вероникината награда за најдобра поетска книга на годината. Негови раскази се застапени во изборот „Врани, чкртаници и конфети“ (Литера, 2017), како и во антологијата „Педесет избрани куси раскази од автори родени по 1980 година“ (Дијалоги, 2019). Во 2019 година ја освои наградата на Поетскиот турнир и со тоа се стекна со титулата „витез на поезијата“. Неговата стихозбирка „Посегнување“ беше препеана на грчки и објавена во 2021 г. од „Трака“, Лариса. Неговите песни се преведени на: англиски, унгарски, хрватски, македонски, чешки, германски, словачки и грчки јазик.
АТЛАС So come out of your cave walking on your hands and see the world hanging upside down. Mumford & Sons Нозете на астр онаутот му лебдеа во воздух, додека со рацете едвај се придржуваше за тревните сламки пред пчеларникот за да го однесе во орбитата. Со широко отворени очи ги набљудував јаболката...