Давор Тоциновски е роден на 12 јуни 1976 година во Скопје. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје во 2001 година. Дипломиран ликовен педагог со сликарство во класата на проф. Рубенс Корубин. Постдипломец на групата за повеќемедијална уметност на Универзитетот за уметности во Белград. Самостојни изложби: 1999, Скопје, Ликовна инсталација "Однапред иднина минато", коавторство со Мето Ангеловски, 2000, Скопје, Ликовен проект "Кога детето беше дете незнаеше дека е дете", 2001, Скопје, Ликовен проект "Реконструкција на кругот". Селектирани групни изложби и колонии: 1996 и 1997, Велес, Друштво на ликовни и применети уметници, 1998, Ликовно колонија "Лесново 98", 1999, Ликовна колонија "Јелак 99", 1999, 4 Студентско интернационално биенале, Музеј на град Скопје, 2000, Ликовна графичка колонија, дрворез, Македонски Брод, 2000, Меѓународна ликовна колонија "Звук, движење и музика", Подгорица, Црна Гора, 2001, "Риал презент", Музеј во Белград, 2003, Фестивал Париз - Берлин, презентација во Париз, 2003, Млади уметници, Велико Трново, Бугарија, 2003, 2003, Фестивал Париз - Берлин, презентација во Берлин, Последната источноевропска изложба, Музеј на современа уметност, Белград, 2003, Меѓународен проект "Разликите обединуваат", Велес.
ПРЕИЗВИКОТ НИШТО Констатацијата дека ништото како наратива во уметноста не може во целост да се постигне во авторската креација, од причина што тоа би го изолирал ...