Elementi Logo

АВТОР: Ана Мартиноска

Објави од Ана Мартиноска
Backgorund

Ана Мартиноска

Ана Мартиноска (Скопје, 1972) е професорка, научничка во областа на фолклорот, литературата и културата, колумнистка на родови и културолошки теми, феминистка и активистка за родова еднаквост Дипломирала на Филолошкиот факултет на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности во 1994 г., каде ги завршила и постдипломските студии. Магистрирала во 2002 г. со теза со наслов “Поетика на македонските народни гатанки”. Била на кус докторски престој на Универзитетот Оксфорд во Велика Британија, а во 2010 jа одбранила докторската дисертација со наслов “Конески и фолклорот“. Од 1996 г. д-р Мартиноска е вработена во Институтот за македонска книжевност, во Одделението за македонска народна литература. Во моментов е на работното место научна советничка/редовна професорка. Учествувала со самостојни прилози во националните научноистражувачки проекти “Истражување на митот и ритуалот во македонската народна литература”, “Драмски елементи во македонскиот фолклор”, “Националните рефлексии во одредени творечки пројави од македонската книжевност 19 век”, „Аспекти на традиционалното во македонскиот фолклор“, „Аспекти на религиозното во македонскиот фолклор“ и макропроектот “Македонски книжевен лексикон”, како и во меѓународните проекти на Институтот „Родови претстави во македонската и албанската култура и социјално живеење“ (UNESCO), „Родови претстави во балканските литератури и култури“ (соработка со Унив. Неофит Рилски, Бугарија) и „Традицијата и континуитетот во македонско-хрватските врски“ (соработка со Универзитетот во Ријека, Хрватска). Посебно значајно е и нејзиното учество во меѓународните проекти “Nationality Building and the Break-up of the Empire“ (Билги Универзитет, Турција), “Learning How to Write Effectively” (во рамки на COST програмите) и “Literacy Development in the Humanities: Creating Competence Centres for the Enhancement of Reading and Writing Skills as Part of University Teaching” (SCOPES). Напоредно со нејзината научна активност, Мартиноска предава на Постдипломските културолошки студии во книжевноста, каде е ангажирана на предметите „Вовед во културолошки студии“, „Културата и глобализацијата“, „Сексуалноста и културата", "Народна култура" и “Академско пишување“. На докторските студии на истата група ангажирана е на предметите „Културните предизвици на глобализацијата“ и „Родови претстави во современата култура и медиуми“, а на групата по Македонистика со предметите „Фолклорот и современата литература“ и „Процесите на митологизација и демитологизација во македонската книжевност“. Мартиноска има и работно искуство како предавачка по предметите „Македонска народна литература“ и „Теорија на литературата“ на Државниот Универзитет во Тетово.

ЕКСПЛОЗИВНА СЕМЕЈНА САГА ЗА РЕТКА ЖЕНА СО РЕТКО ИМЕ

Поговор кон романот „Мина“ од Игор Анѓелков, Скопје: ИЛИ-ИЛИ, 2023Пишува: Ана Мартиноска Загриженоста за човековото страдање на германскиот филозоф и социолог Т...

Прочитај Повеќе

ЕЛЕМЕНТИ – БРОЈ 12

ПОДДРЖАНО ОД

Елементи

Елементи

© Електронско списание за книжевност - ЕЛЕМЕНТИ