Elementi Logo

АВТОР: Благоја Иванов

Објави од Благоја Иванов
Backgorund

Благоја Иванов

Благоја Иванов (1931 – 2022). Завршил Филолошки факултет во Скопје . Бил соработник, уредник и главен уредник на Културниот сектор на Радио Скопје и директор на Телевизија Скопје и професор на Факултетот за драмски уметности. Бил уредник на списанието „Млада литература“ и главен и одговорен уредник на списанието „Разгледи“. Член на Македонскиот ПЕН центар . Бил претседател на Друштво на писателите на Македонија. Член на ДПМ од 1958 година. Добитник на наградите: „1 Мај“, на Недела на радио драмата на ЈРТ, „Рациново признание“, „Кочо Рацин“ Творештво[ уреди | уреди извор ]  Седум умирања (проза, 1956)  Ноќ без починка (раскази, 1958)  Црвено рондо (раскази, 1964)  Патувања (лирски минијатури, 1967)  Ветрови (роман, 1969)  Соочувања (критики и есеи, 1971)  Три средби на разминување (радио и тв драми, 1973)  Од онаа страна на заборавот (раскази, 1975)  Една година и цел живот (роман, 1978)  Современа драма и театар во Македонија (зборник, 1983)  Бланка (проза, 1985)  Малата врата на надежта (раскази, 1985)  Маалски игри (роман за млади, 1989)  Чекање на зората (роман, 1998)  Сватови (раскази, 2000)  Сомнеж (роман, 2007)  Зборови од старо сеќавање (кратки раскази, 2008)  Раска в грло (раскази, 2011)  Кораби (раскази, 2014)  Актери автори (осврти)  Птиците од дворот (раскази, 2015) Скопски дамари (антологија, раскази, 2020) Три негови кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „ Џинџуџе во земјата на афионите “ ( Темплум , 2022). Иванов се бавел и со превод од француски јазик .

ТАТКО

Татко Секако дека, како што стареше, почесто размислуваше за своите родители.Особено бидејќи имаше два сина, веќе возрасни, женети, со челад. Иако меѓу негои нив нем...

Прочитај Повеќе

ЕЛЕМЕНТИ – БРОЈ 12

ПОДДРЖАНО ОД

Елементи

Елементи

© Електронско списание за книжевност - ЕЛЕМЕНТИ