Elementi Logo

КУЛА

Backgorund

Jас сум како кула
изграден и залепен
со цемент и тула
добро е одвреме-навреме
да се биде убаво затресен
и срушен под нула
ветерот дува
и прашината се крева
да се почне со работа
да се гради пак треба
кат по кат горе
брзо се оди
сѐ се пополнува
со шарени соби
последната тула свечено се клава
за последен пат со чекан се мава
а сега ќе видиме колку време
оваа кула ќе остани права

(Од „Ново раѓање на зборот“, антологија на младата македонска поезија во изднаие на ПНВ Публикации, Скопје, 2023)

ЗА АВТОРОТ

Иван Николов

Иван Николов (2002, Битола) студира компјутерски науки на ФИНКИ при УКИМ во Скопје. Негови песни, кратки раскази и колумни се објавени на „Култура Бета“ и на „Радио МОФ“. Настапил на неколку поетски читања во скопје, како што е „Отскочна даска“ во рамки на Скопскиот поетски фестивал и „Поетска епизод

ЕЛЕМЕНТИ – БРОЈ 12

ПОДДРЖАНО ОД

Елементи

Елементи

© Електронско списание за книжевност - ЕЛЕМЕНТИ