Elementi Logo

БРЕГОВИ

Backgorund

Брегови
Соништата поврзуваат брегови на грабливи
реки
Со ластовици закитени
Враќањето на надежта, го чекам
На стариот мост на младата река
Чекори разведрената сакана
А под сенката на урмата
Одмора нашата лубов
Ластовиците го навестуваат
Твоето доаѓање
Осамата ќе ме придружува
Додека стигнеш ти.
Леверкузен

Патот на враќањето
(Rruga e kthimit)
Месечината го осветлува патот на
квечерината
Небото е помодерно насекаде
Авионите летат лудо
Со украдените соништа во гладниот стомак
Враќањето е далеку, нема одреден датум
Изгревот го светлува пеплосаниот пат
И трпението станува споменик што оди
чекајќи
Каде што бродовите тргнуваат и се враќаат
По пристаништата на надеждта
Радоста се разведрува со убавината на
природата
Со течението на реката Елба, Соверното
Море
Колку е длабоко морето, толку е далечно
враќањет
Бродовите се враќаат на растовар
Од кпнежот на пргонот, заборавена
прегратка…
Ниту тебе те носат, ниту мене ме земаат.
Келн

Врати се
(Kthehu)
Одамна не сме се виделе
Толку сме далеку
што ни треба долги патишта да пешачиме за една средба.
Овој сон што расте секој ден – планина ќе стане,
поле ќе стане, море ќе стане, рајска градина ќе стане.
Градот во кој живеам, ниту сонце има, ниту месечина,
бидејќи моето сонце ти остана.
(Твојот град има сешто, ама мене ме нема)
Соништата ги допиравме со бакнежи, прегратки
и надежите исто така.
Кога квечерината се спушташе над нас
и нашите души светлини зрачеа.
Љубовта отвораше нови врвици, во нашиот свет без граници.
Нашите последни средби ги лулаат деновите
кога останавме далеку
Како прикаска, што ја живевме и доживеавме …
Кога си одмараше на моите гради – букет цвеќе
и забораваше да станеш опиен од мирисот,
ниту воените татнежи не успеваа да те откорнат од тој спокој.
Кога останавме далеку се боревме со самотијата
Додека бев лута со целиот свет,
склона да се борам,
да те вратам во мојот конак,
бидејќи тагувам по тебе, ти не треба да се сомневаш,
како кај нашата вистинска љубов.
Повеќе од љубовта, ние ги голтавме солзите на нашите очи
Кои плачеа за нашата разделба – последната средба.
Спомен над спомените остана прегратката што недостасуваше.
Но ти ќе се вратиш во нашето годишно доба со овошје
Мирисот на дуњите те чека да му дадеш живот.

ЗА АВТОРОТ

Делвина Крлуку

ДЕЛВИНА КРЛУКУ (Delvina KËRLUKU) е родена на 1985 г. во Дебар, каде што завршува средно образование. Економски факултет, а магистрирала нa универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Предавала на ДУТ и Универзитетот “Мајка Тереза” во Скопје. Била Преседател е на Друштвото за наука и култура “Јосиф Багери”. Досега ги објавила стихозбирките: Муза, Алтар, Трага, Стих од Роза, Заливи на осамата, Есенски Секнувања; (раскази) Преговор на нашите денови; (публицистика) “Татко ми и Титовите кученца”; (книжевни репортажа) Побледен надеж; (интервјуа) Различни со… Член на ДПМ и на ДПАМ. Учествува на повеќе културни и научни средби во земјава и надвор од неа. Добитник е на наградата “Книжевен мост” на ДПМ за стихозбирката “Заливи на осамата” во Р. Македонија; наградата “Книжевно дело”, за стихозбирката “Стих од роза”, на поетскиот фестивал во Призрен (Косово) ; “Специјалната награда” на балканскиот поетски фестивал во Корча – Албанија; наградата “Поетски бран” на меѓународниот фестивал во Струга; награда “Илинденски бајраци” во интернационална поетска манифестација, РСМ; наградата “Абдулзис Ислами” од Сојузот на книжевните преведувачи на Северна Македонија, како и признание за придонес кон уметноста и културата од Националната галерија на Р. Северна Македонија. Работи како новинар во дневникот КОХА (Време), Уредник на списанието „Стожер”. Работи и живее во Скопје.

ЕЛЕМЕНТИ - БРОЈ 14

ПОДДРЖАНО ОД

Елементи

Елементи

© Електронско списание за книжевност - ЕЛЕМЕНТИ