Нема да ти го спомнам името,
во оваа песна тоа и не е важно,
самото чувство кога ќе те видам
силно ме носи кон тебе да итам.
Ќе ти ја откријам својата тајна,
во мислите, без допир,
како разбудена жена чекам
со песна да те љубам, да те допрам.
Обично во романот приказната бара
вечна љубов, вител од чувства,
сепак сакам да се откажам,
без тажен крај е поубаво знам.
Јас сум книга прочитана,
прелистани се страници на занес и рими,
безимен сакан, само епизода си ти,
главниот лик твое име не носи.
Пред мене е убав брод во шише,
како украс стои, со него времето запрело,
нова боја, затегнати едра,
сјајно сидро на крмата, средени јажиња уредило.
Ми е жал за бродот без капетан,
без воздух под стаклото, му го украле морето,
не го милуваат ниту сонцето ниту брановите,
не го нишаат ветровите и бурите.
Какво е тоа патување кога прамецот не го сече морето,
кога нема морнар што јаже ќе фрли,
а ниту галеб пак ќе слета на едрото,
не е сѐ добро ни кога е мирно морето.
Не би се менувала со тебе, броде,
мене ме носеа осеки и плими.
Ја вкусив љубовта и радоста на животот,
сега го спуштам сидрото, ќе ме допре времето.
Препев од хрватски јазик: Сашо Огненовски
Душка Крниќ е родена во 1949 година во Шибеник, Хрватска. Член е на Матица Хрватска и Хрватска-македонска тангента. Активно учествува во програми. Пишува песни и има објавено две збирки: „Спомени“ и „На саканиот град“. Таа е аматерска актерка и режисерка. Ги негува старите шибенички обичаи и зборови.