До сите души кои вистински се стремат да разберат кој е најзначајниот проблем на човештвото и како тој да престане да се повторува еднаш засекогаш.
Вовед – салата на императорот- вечер Рим, 65 година по Христа
Императорот Нерон Клавдиј Цезар Август Германикус, кој има речиси 30 години, но изгледа како да има речиси 50, седнува на тронот, (во центарот на сцената).
Собата на тронот гледа кон крајот на салата, каде што нема ѕид туку неколку столба (во предниот дел на сцената спрема публиката). Гледајќи надвор помеѓу главните столбови, Нерон забележува 12 рисјани кои прицврстени на горниот делод огромни дрвени колци кои се трипати повисоки од обичен човек, а на почетокот на колците има купови од дрво и слама. (Затоа актерот кој го игра Нерон ја набљудува публиката, а таа не ги гледа замислените рисјани)
Жената на Нерон, Императорката Попеја Августа, неприкосновена убавица, на 35 години, е на колена, станува од тронот и ги подготвува своите две огнени ладала за нејзиниот танц со оган за време на кој таа се претопува со мебелот. (Публиката не ја гледа сѐ уште бидејќи таа е во мракот. Публиката ги гледа само осветленото тело и глава на Нерон. За време на изведбата публиката слуша крцкање од дрвото што гори испреплетено со врисоците на жртвите што горат.)
Сценографијата ги вклучува следните предмети:
Металниот трон на Нерон со предметите кои ќе горатна крајот: двете вештачки раце на Нерон, 1 лева и една десна + вештачкиот пенис на Нерон кој останува скриен до крајот, под седлото на тронот- двете запаливи и лесно подвижни механики, за актерката која ја игра Попеја да може брзо да ги постави и да ги запали за публиката да ги види. Рацете и пенисот мора да бидат покриени со материјал кој мора безбедно да гори за време на последната сцена на Попеја, а пламенот мора да може брзо и лесно да се изгасне и тоа мора да се повтори толку пати колку што ќе има изведби. Сите дејства со огнот и со него поврзаните предмети за време на пробите и изведбите мора да се извежбаат и безбедно да се изведуваат со цел да бидат безбедни и актерите и публиката. Сите активности кои вклучуваат оган и со него поврзани предмети мора да се извежбаат и да се изведат во согласност со правилата и регулативите на одделот за противпожарна безбедност и на театарот.
Најмалиот трон на Попеја, лево веднаш до тронот на Нерон.
Предметите за палење оган на Попеја лево веднаш до нејзиниот трон: 2 огнени ладала, изработени од заварен метал и фитил од кевлар.
Веднаш до тронот на Нерон- една чинија грозје.
На 1 мал пиедестал, лево од тронот на Попеја 1 тракиски ритон со вино, 1 помалоќупче со мед и еден пехар.
1 противпожарен апарат, сокриен зад тронот на Нерон.
Нерон
Слава ми! Слава ми! Слава ми! Јас, Нерон Клавдиј Цезар Август Германикус, сум Бог.
Затоа, јас сум величествен. Јас сум најголемиот од сите. Никој не бил, не е ниту ќе биде повеќе од мене. Ниту вујко ми Калигула… Бидејќи јас постигнав слава. Јас сум Императорот на модерниот свет.
Многумина ми се плашат, многумина ме љубат, многумина ме мразат, но сите ми служите и јас владеам со сите вас. Многумина погубив и ќе погубам уште многу, за сите останати да ми се плашат, да ме љубат и да ме мразат уште повеќе, но сите ќе ми служите поубаво. Бидејќи јас секогаш постигнувам повеќе. Како кога ја исполнив мојата божествена идеја да го спалам Рим. Во тоа прекрасно достигнување, ве спалив вас, а вие бевте благодарни за тоа и тогаш, јас постигнав уште повеќе – ја погубив саканата ми мајка.
Ги затвора очите ако да е во транс…
Нерон (продолжува)
Да, уништив и во големина и во содржина, но среќа никогаш не почувствував. Зошто не чувствувам среќа, а достигнав слава?
Што повеќе јас, најголемиот човек на веков, Бог, морам да сторам за да бидам среќен?
Погледнува кон императорката Попеја и нејзиното тело се осветлува.
(во тој момент публиката ја гледа за првпат)
Нерон (продолжува)
Попеја, ти поставив неколку прашања.
Таа престанува да ги подготвува огнените ладала и го погледнува во очите.
Попеја
Прости господару, јас се подготвував да ти служам, таму ми беше вниманието.
Нерон
Ми служиш, ми служиш. Ама, подобро секогаш може.
Попеја
На пример како, господару?
Нерон
Епа додека ми служиш, можеш и да слушаш што те прашувам.
Попеја
Да, господару, те слушав, ама внимавав на…
Нерон
(Jа прекинува.)
Да ми служиш, знам. Ама можеш и подобро, на пример… истовремено да правиш две работи.
Таа ги остава огнените ладала на подот и станува.
Попеја
Господару, зар не си среќен кога ти служам?
Нерон
Мила моја, секогаш си толку нежна, вешта, мирисаш превкусно, ја одржуваш фигурата и бистра си. Би требало да знаеш дека задоволство и среќа се различни работи, нели?
Попеја
Секако Господару мој, и ти се извинувам за непромислениот предлог.
Нерон
Прифаќам. Ајде сега да ми одговориш на прашањата.
Попеја
Господару, ти си толку величествен и секогаш изгледаш како да си среќен, но сега ти пред мене откри како навистина се чувствуваш и јас мислам дека не си среќен бидејќи ти треба повеќе слава. Можеби твојата среќа ќе дојде кога ќе го заситиш гладот за нешто побожествено од самата божестевност. Можеби ти мораш да имаш ама баш сѐ. Можеби ти мораш да го покориш и спалиш сиот свет. И тогаш, кога ќе го водиш неговото повторно раѓање, дури тогаш ќе си среќен.
Нерон со восхит и испраќа бакнеж.
Нерон
Е баш затоа те одбрав моја Императорке. Ти, најмудрата жена од сите жени, тоа ми е најмногу мило.
Таа му се поклонува.
Нерон (продолжува)
Љубопитен сум: Пред да се омажиш со мене, беше двапати мажена; и јас ти ги знам двајцата поранешни мажи, Руфиј Криспин и Отон, за кого многумина велат дека ми бил добар пријател, зар не?
Попеја
Да, господару.
Нерон
Опиши ја разликата како е да бидеш со маж и да бидеш со Бог?
Попеја
Невозможно е да те споредам тебе, Бог, со кој било маж. Тоа што сум твоја жена е моето најголемо достигнување.
Нерон
Добро, ајде тогаш опиши ми ја разликата, како е да бидеш жена на маж и жена на Бог?
Попеја
Телесно, ти си огромен љубовник, а другите биле само похотни пиунчиња.
Духовно, ти си суштината на духовноста, а другите немаа друг дух во себе, освен стремеж да се докажуваат.
Филозофски, ти си најмудриот филозоф, додека другите не разбираат ни што е филозофија.
Ти си владетелот на светот и сите ти служат. Ти си семоќен Бог, а другите се само мажи, кои ти се предале тебе.
Нерон
Императорке моја, зашто разбираш кој сум, затоа те љубам.
Попеја
Да Цезаре, бесконечно.
Нерон
И дополнително, ти го сакаш огнот колку што го сакам и јас.
Попеја
Без сомнеж.
Нерон
И имаш уникатна способност да ја гледаш иднината низ пламенот, тоа ти е посебен квалитет.
Попеја
Најголемиот дар кој ми го дари Создадетелот.
Нерон
А јас… Создадетелот ме стори мене Бог, но не ми го дари твојот дар.
Попеја
Те создаде тебе, да бидеш Бог, многу поголем од еден обичен пророк. А мене ме стори твоја жена, да ја гледам иднината за тебе.
Нерон
Сега, погледни во пламенот и потоа пред да дојде длабоката ноќ, ќе ми кажеш каква ќе ми биде кобта.
Попеја
Секако, господару мој.
Таа зема две огнени ладала, ги пали и започнува со прекрасен и оригинален танц, кој, како што се одвива прави да изгледа како таа да се движи во транс. Во кулминацијата од танцот таа вешто го гасне огнот и останува на колена на подот. Нерон клекнува пред неа и нежно ѝ го држи лицето.
Нерон
Ја виде ли? Каква е?
Попеја
(Шепоти возбудено.)
Прекрасна… величенствена…. вечна…!
Нерон
Кажувај… ајде, кажи ми сѐ!
Попеја
Секако господару мој. Те молам само дај ми време, до часот до кој ми дозволи и ќе ти кажам сѐ.
Нерон
Добро. И онака сакам да бидам малку напнат. Ама кога ќе чукне часот ноќва, не заборавај…
Попеја
Ќе ја дознаеш својата Боговска иднина.
(Тој ѝ помага да стане и потоа седнува на својот трон.)
Нерон
Ела, седни до мене, заедно да си гледаме како горат рисјаниве.
Таа седнува на својот трон до него. Нерон ѝ го гали вратот одзади.
Нерон
(Продолжува.)
Огнот е најголемиот чистител на сѐ. Го прочистив Рим, сега продолжувам со рисјаните, а потоа – со светот.
Попеја му ја гали раката со тилот.
Нерон
(Продолжува.)
Би сакала ли да ја поминеш оваа красна вечер со мене и заедно да го гледаме огнот како прочистува сѐ и да разговараме за работи што мене ми се интересни?
Таа ја става главата на неговото рамо.
Попеја
Ништо друго не би ме усреќило повеќе.
За миг, обајцата гледаат како горат рисјаните. (Единствениот звук што публиката го слуша е крцкањето на запаленото дрво и ужасните крици на жртвите кои врескаат во агонија.)
Нерон
Знаеш ли зошто Создадетелот не сака голем дел од луѓето да се умни?
Попеја
Не. Зошто Господару?
Нерон
Ако Создадетелот сакаше тие да се умни, тој ќе ги создадеше умни. Јас сум Бог и ниту јас не ги сакам умни.
Попеја
А зошто не господару?
Нерон
Бидејќи тоа е залудно трошење на дарбата на луѓето. На пример, војникот не мора да знае да готви, да чита или да жнее. Тој не мора да се разбира од историја, политика или религии, тоа знаење би му пречело да ги спознае воените техники. Војник кој знае само за борба е многу подобар од војник кој знае и други нешта.
Попеја
Ама, за добро да ги познава воените техники, војникот мора да е умен, зар не?
Нерон ѝ става зрно грозје во устата.
Нерон
Вкусно ти е?
Попеја
Превкусно.
Нерон
Што ти се допаѓа толку?
Попеја
Вкусот, сокот и извонредното чувство на свежина што ми го дава во устата.
Нерон
Што сакаш повеќе, да јадеш грозје или да ми служиш?
Попеја
Господару, неспоредливо е чувството што го имам кога ти служам тебе со чувството кога јадам овошје.
Нерон
Сладоречивоста може скапо да те чини.
Попеја
Која сладоречивост? Јас секогаш ти ја кажувам вистината кога зборувам како се чувствувам кога ти служам.
Нерон
Сакаш да ми служиш затоа што мораш да му служиш на својот император и Бог или ми служиш од што ме сакаш?
Попеја
Ти си мојот господар и ги знаеш одговорите на своите прашања, но ако ти треба јас да ти го потврдам она што веќе го знаеш – да, љубов моја, јас ти служам тебе, зашто те сакам, тоа што ти си Бог уште толку ги испреплетува моите одговорности со моите чувства.
Нерон
Прекрасен одговор. Сега, ајде да ми кажеш каква ќе ми биде кобта.
Попеја
Господару, те молам дај ми уште малку време, до часот до кој ми дозволи и сѐ ќе ти кажам.
Тој зјапа во неа за миг и потоа кима со главата покажувајќи дека се согласува.
Нерон
Знаеш, во последно време размислувам за грчкиот изум, кој повеќе од 500 години е познат како „Атинска демократија.“ Тој изум покажа дека моќта на мнозинството не е прогресивна работа и тоа не е успешен општествен и политички изум. Тие врескаа: „Моќта на мнозинството!“. А потоа, тие речиси банкротираа и ја уништија својата цивилизација. Да не останеа некои нивни написи и филозофии, кој ќе ги знаеше Грците?
Попеја
Но господару мој, нивните острови имаат прекрасна природа.
Нерон
Тие луѓе не ја создадоа убавината на таа природа. Создадетелот го стори тоа. Луѓето само ја експлоатираат и уништуваат природата, што само покажува колку се тие неуки. Ја изневерија природата и ја изневерија демократијата.
Попеја
Господару мој, Атинската демократија пропадна зашто никогаш и не беше вистинска демократија.
Нерон
Како тоа мислиш?
Попеја
Не секому му беше дозволено да учествува во таа демократија. Само на возрасните машки граѓани. Не на посетителите, не на робовите и не на жените.
Нерон
М – м, баш интересно,
Попеја
За волја на вистината, не повеќе од 30 % од целокупното грчко население смеело да учествува во таканаречената „демократија“.
Нерон
Баш „таканаечена“. А тие пијаници варвари со цел памет тоа го нарекувале „демократија“?
Попеја
Можеби тие мислеле дека само возрасните мажи го заслужуваат она што тој збор значи?
Нерон
(Со пренагласена запрепастеност.)
Нема шанси! Грците не ги почитувале своите жени, посетители и робови? Какво самобендисано, саможивно, тиранско и опресивно племе биле тие!
Попеја
Ниедно племе нема да напредне ако во него не се почитуваат жените.
Нерон
Затоа ние владееме со светот, зашто им дозволуваме на нашите жени да ни служат и да имаат корист од тоа.
Попеја
Господару мој, дали тоа што ти си Бог значи дека јас сум Божица?
Нерон
Моја драга, „Божица“ е збор кој го измислиле жените од високата класа за да се справат со своите општествена ниска самодоверба и несигурност. Ти имаше чест и привилегија јас да те изберам да бидеш моја Императорка и, како таква, јас верувам дека си почитувана и доволно силна за да немаш такви безначајни несигурности.
Попеја
(Се насмевнува со сила.)
Во право си, како и секогаш, мој господару.
Ѝ става уште едно зрно грозје во устата.
Нерон
Знаеш, едно друго варварско племе, Тракијците, има поговорка „Гласот на народот е гласот на Бога.“
Попеја
Ах, колку поетично.
Нерон
Поетично или патетично? Не е тоа поентата. Народот мора да разбере дека не му треба ниту влада ниту религија. Сѐ што му треба за напредок е да му се покори на Создадетелот и да ми се покори мене. Таканаречените влади и религии се причина за распадот на племето со кое владеат бидејќи не се дела на Создадетелот, туку се создадени од народот каде што мнозинство се неуки плебејци. Затоа мојата империја цвета – зашто јас владеам праведно и го палам непотребното, она што не напредува и што се распаѓа.
Христо Христов е бугарско-американски меѓународно признат продуцент, режисер, сценарист, учител и актер кој има одиграно преку 120 улоги во Европа и САД. Има напишано 16 сценарија, копродуцент на повеќе од 260 реклами, а режираше и копродуцент на неколку претстави и филмови.