Elementi Logo

АВТОР: Дејан Крстевски

Објави од Дејан Крстевски
Backgorund

Дејан Крстевски

ДЕЈАН КРСТЕСКИ е роден во Скопје 1986 година. Дипломирал македонски јазик и книжевност на филолошкиот факултет и психологија на филозофскиот факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. На книжевната сцена дебитира со збирката раскази Поглед кон небото (2014). Збирката поезија Луѓе без лице (2015) е негово второ дело, со кое ја освојува наградата „Книжевен светилник“. По нив следуваат збирката раскази Чист хероин (2018) и збирката поезија Херои од хартија (2019). Романот Атласот на тајните (2021) е негово петто остварување. Оваа година авторот ја објави збирката поезијаУтрото по крајот на светот (2023). Добитник е на бројни литературни награди и признанија, меѓу кои наградата за една од најчитаните книги во 2017 година од страна на Македоника и УНЕСКО за збирката Луѓе без лице. Песната Последната книга беше избрана за една од најуспешните творби по повод „Ден на читателот“ од страна на НУБ „Св. Климент Охридски“ – 2017. Тој е еден од финалистите на меѓународниот фестивал Литературни искри – 2019. На интернационалниот поетски фестивал „Мелнички вечери на поезијата 2020“ освоил прво место. Романот Атласот на тајните беше прогласен за еден од најдобрите дваесет романи на конкурсот за роман на годината „Славко Јаневски“ - 2022.

ШЕЌЕР

ШЕЌЕРПовторно паѓа снег. Потсетува на шеќерот во прав со кој мајка ми ги наросува крофните. Градот замрзнал, блеска како сцена од мјузикал. Кучињата завиваат, мирис...

Прочитај Повеќе

ЕЛЕМЕНТИ – БРОЈ 12

ПОДДРЖАНО ОД

Елементи

Елементи

© Електронско списание за книжевност - ЕЛЕМЕНТИ