Elementi Logo

ИМПРЕСУМ

Импресум
Backgorund

ЕЛЕМЕНТИ е веб списание за книжевност во издание на ЗРУМ „ПЕРУН АРТИС“ од Битола кое има за цел да го доближи убавиот збор до неговите читатели. Книжевноста како дел од духовниот живот секогаш ги пренесува најголемите и најкруцијалните пораки на светот, па така ова списание кое ќе се појавува секои два месеци ќе ги понуди на читателите најновите дела на големите писателски имиња од земјава, од регионов и од светот, а секако и ќе ги промовира и младите писателски имиња чии дела допрва ќе ја брануваат книжевната јавност. Списанието во прво време ќе излегува само на македонски јазик, а во иднина ќе добие и англиска верзија. Редакцијата на списанието е особено благодарна на Град Скопје за иницијалната помош со која ова книжевно списание конечно ја виде светлоста на денот. Оние книжевни елементи кои ги сочинуваат поезијата, прозата, драмата и есејот низ ова списание се сплотени во одлична литература која секои два месеци ќе ја има на иви простор.

Пред нас е книжевно доживување кое се повеќе ќе расте и ќе носи се поголема книжевна возбуда.

Редакција

ИЗДАВА

ЗРУМ „ПЕРУН АРТИС“ – Битола

Главен уредник

САШО ОГНЕНОВСКИ

Редакација:

ЕВА КАМЧЕВСКА

ВЛАДИМИР МАРТИНОВСКИ

ЛИЛЈАНА ПАНДЕВА

ЗВОНКО ТАНЕСКИ

ВАСИЛ ТОЦИНОВСКИ

ИГОР ЛОЗАНОСКИ

Лектор

Др. Трајко Огненовски

Веб поддршка

ЗОРАН БАБИНКОСТОВ

ISSN

Поштенска адреса

Цар Самоил 126а
7000 Битола

info@elementi.mk

Списанието ЕЛЕМЕНТИ го задржува правото да одлучи кога и дали ќе бидат објавени делата на авторите и кога ќе бидат објавени.

Ставовите на авторите не се ставови и на издавачот и на редакцијата.

Редакцијата ќе прифати само коментари кои се однесуваат на самите текстови и кои се конструктивни и не се со навредлива содржина или се против законите на република Северна Македонија.

Електронското списание излегува со финансиска поддршка на Министерство за култура на Република Северна Македонија.

Упатство за соработниците:

  • Текстовите мораат да бидат напишани со кирилично писмо за авторите од Северна Македонија, додека за авторите од други земји можат да бидат испратени и во латинично писмо. Текстовите треба да бидат испраќани во Microsoft Word Format (.doc Ili .docx), додека страницата што го содржи текстот мора да биде во А4 формат (297х210 мм)
  • Обликот на буквите во кои треба да биде напишан текстот е Times New Roman, додека големината на буквите треба да биде 12pt.
  • Над текстот во горниот лев агол треба да стои името на авторот
  • Заедно со текстот во одделен документ треба да се испрати и кратка биографија на авторот и слика во JPEG формат.
  • Текстовите да се испраќаат исклучиво на горепосочениот e-mail.

ЕЛЕМЕНТИ – БРОЈ 12

ПОДДРЖАНО ОД

Елементи

Елементи

© Електронско списание за книжевност - ЕЛЕМЕНТИ