logo
  • Почетна
  • Автори
  • Архива
  • Скопје
  • Импресум
  • Елементи
    • Поезија
    • Проза
    • Драма
    • Есеи
    • Интервју
  • Блог

ВОСПОСТАВУВАЊЕ НА ПИСМОТО

23/10/2022 во Поезија од Ален Брлек

ВОСПОСТАВУВАЊЕ НА ПИСМОТО
Одев по станот, барав крштевање или копје,
точка за средба. Реков амин, реков искупување,
бомба, домат, мај, корона, реков
смрт на фашизмот брза и трајна, богу среден род
реков математиката е и главата и трупчето и замавот.
Реков љубов сол европа волк мама светло
градина птица круг демократија, пак љубов, атом
одев по станот и чекав каков било грст
со кој би ги подмирил татковците, би загризал
во слободата

ПЛАДНЕ
потем секогаш некоја алелуја во сенката расте тело,
грло од кое ќе го пушти сонцето
и тоа ќе биде знак, ќе се припојуваме како држави.
Ќе ни се отворат животите како излезни рани, во
пластика надеж и страв
за одново да станат или теологија или ерес
што стварноста ја држи на куп.

ЗАТВОРАЊЕ НА КЛАНИЦАТА
Гледав во твоето сонце, со вера во ’ртењето
поголема од христа легнат во твојата земја, реков
знаеш ли дека постои потполно црна кокошка, ayam cemani
и живее во твојот молк. Така ти ме научи
страдањето е секогаш резултат на пазарот на гладот,
блискоста во себе носи неизречена уцена
во која престојува слободата.
Така ме научи да ја спуштам острицата
и да си заминам.

Ален Брлек „Санг“ (ПНВ Публикации, 2022)
Препев од хрватски: Ѓоко Здравески

Share this post
  • Previous Post
  • Next Post

About Author

Ален Брлек

Ален Брлек (1988) е хрватски поет. Автор е на збирките поезија „Метакморфози“ (2015, Алгоритам, награда На врвот на јазикот), „Пратишина“ (2017, Контраст, Белград, второ издание, 2021, Фрактура, Белград) и „Санг“ (2019), награда Мал Квирин, финале на награтие Тин Ујевиќ и Иван Горан Ковачиќ). Збирките му претставуваат трилогија на умот, духот и телото. Песните му с епреведени на повеќе јазици и застапани во неколку антологии на хрватската поезија. Дел е од Версополис и музички-поетскиот проект Зарон заедно со Дарко Шепаровиќ, Емил Андреидис и Луција Бутковиќ.

ЕЛЕМЕНТИ – Број 7

ПРЕВЗЕМИ Број 7

ПОДДРЖАНО ОД

Министерство за Култура

Град Скопје

ЕЛЕМЕНТИ

  • Блог
  • Драма
  • Есеи
  • Интервју
  • Поезија
  • Проза
  • Скопје

ЗА НАС

ИЗДАВА

ЗРУМ „ПЕРУН АРТИС“ – Битола

Главен уредник

САШО ОГНЕНОВСКИ

ISSN 2671 - 3950

КОНТАКТ

Цар Самоил 126а
7000 Битола

info@elementi.mk

ЕЛЕМЕНТИ

  • Блог
  • Драма
  • Есеи
  • Интервју
  • Поезија
  • Проза
  • Скопје

ПОДДРЖАН ОД

Министерство за Култура

Град Скопје

© Електронско списание за книжевност - ЕЛЕМЕНТИ