logo
  • Почетна
  • Автори
  • Архива
  • Скопје
  • Импресум
  • Елементи
    • Поезија
    • Проза
    • Драма
    • Есеи
    • Интервју
  • Блог

ТРИАТЛОН ЗА НАС ТРОЈЦА

25/01/2023 во Поезија од Ѓорѓе Живадиновиќ Гргур

ТРИАТЛОН ЗА НАС ТРОЈЦА

триатлон за нас тројца
пена во полната када најавува
нов бран, нов бран
се допираме со колената
фантазираме, црвен монохроматик
намерите истекуваат
во пена што исчезнува
во бањата низ прозорецот долетува
мала димна бомба
не брка од Еден-от
врз влажните тела гневни навираме
ролки, мантили и бандани
подготвени за улиците на кои полетуваме
ја кршиме вратата
таму вистинската револуција
со факели и бајонети ја слави нашата љубов
која како куп книги
по половина час ќе изгори прва
ние тројцата
не ги отплеткуваме прстите
се губиме, па повторно се наоѓаме
пред дивите ловци
додека крајот ни се радува
да го имавме Лувр
ќе трчавме низ него
дека ги имавме Сен Жермен и Мишел
ќе се возевме таму
сепак, пливавме еден кон друг
преку седиштата до платното
каде конечно се сретнавме
во првиот ред, кога пукна
најубаво беше во кадата
додека Маркс не шпионираше
од порцеланот, низ облаци чад
без идеја дека наскоро ќе биде сам
здробен

ПОПОЛНОЌЕН ПАНОПТИКОН

Неговата кожа не пука под камшикот.
Таа добро го познава својот занает.
Пред почетокот
тој влезе
во када полна со замрзнати топчиња
од багремов мед и козјо млеко.
по девет минути
го оковала со бодликава чокер
на колена и на краток поводник
го доведе до црн облак
нејзиниот вкусно наместен кревет
сепак останува празен.

Го врзува околу шипката и ги гасне
своите долги запалени прсти
во пределот на неговите препони
додека виолетова неонка
не прсне од крик и воздишки.

во втората соба на приземје
две тела стопени од дваесет и седум дела
како Рубикова коцка
ја впиваат таа светлина одозгора.

Боите се разградуваат околу нив
па повторно се сложуваат,
кожата е добро подготвена
еластична заштита од каснување.
Горниот дел од телото полека се одвојува
две меки тупаници
десната полна малини, левата боровинки
го тушираат долното тело.

Додека трепнав, се случи
обратни позиции
во стопен мраз.
Металниот слуз се протега
Низ каналот за спојување на бедрата и усните
додека од грлата им никнуваат лотоси
само латиците го слушаат мојот здив низ клучалката.

И додека
никогаш повнимателно
чучев на прстите од босите стапала
Со едната рака потпрен врз влажниот стап
со другата рака го лакирав бродот
мала подморница
која со задоволство би се нурнала во
Потеклото на светот.

Би дал око што гледа се
и потпорна рака
и рака лакерка
за уште еднаш твојот јазик
да заплива во дупчето зад моето уво

УТРО ПО ГОДИНА И ПОЛ

Се будам на влажна трева
пред вашиот заклучен влез
некој синоќа ме стисна и ме изџвака
исплукна изговори и ги излеа по скалите
ми остана здрава шаката додека гледам во облакот
во обликот на твоето тело кое патува се подалеку од мене

Препев од српски јазик: Сашо Огненовски

Share this post
  • Previous Post
  • Next Post

About Author

Ѓорѓе Живадиновиќ Гргур

Ѓорѓе Живадиновиќ Гргур е роден во Белград, каде живее и работи, а израснал во Велика Плана. Студирал меѓународна политика на Факултетот за политички науки, а дипломирал глума на Новата академија на уметностите. Активно се занимава со глума и изведби, најчесто во театарот „Рефлектор“, а малку и со танц и кореографија. Пишувал во многу скромни размери во средношколските денови, како член на литературната и јазичната секција Светот на зборовите, но неодамна се врати на поезијата. Досега објавувал во веб-списанието Libartes, словенечкиот весник Kunsthaus, антологиите Šraf и Rukopisi 44, како и во Енклава.

ЕЛЕМЕНТИ – Број 7

ПРЕВЗЕМИ Број 7

ПОДДРЖАНО ОД

Министерство за Култура

Град Скопје

ЕЛЕМЕНТИ

  • Блог
  • Драма
  • Есеи
  • Интервју
  • Поезија
  • Проза
  • Скопје

ЗА НАС

ИЗДАВА

ЗРУМ „ПЕРУН АРТИС“ – Битола

Главен уредник

САШО ОГНЕНОВСКИ

ISSN 2671 - 3950

КОНТАКТ

Цар Самоил 126а
7000 Битола

info@elementi.mk

ЕЛЕМЕНТИ

  • Блог
  • Драма
  • Есеи
  • Интервју
  • Поезија
  • Проза
  • Скопје

ПОДДРЖАН ОД

Министерство за Култура

Град Скопје

© Електронско списание за книжевност - ЕЛЕМЕНТИ