logo
  • Почетна
  • Автори
  • Архива
  • Скопје
  • Импресум
  • Елементи
    • Поезија
    • Проза
    • Драма
    • Есеи
    • Интервју
  • Блог

Сесија

29/10/2023 во Поезија од Борислав Јарчевски

Сесија

На ладното светло од блицот потпрен на филџан,
Кога ќе згасне соларната топилница
И машинистите ќе се соберат
В надземското теќе горе на рид,
Сенките искачаат, се движат,
Го играат танцот на фараонот,
Чиниш е сон но – во гробницава
Сите сме будни, во ризницава
Азно се сенките само,
Кои на момент наѕираат
Од вечната Бездна на мртвите фараони.
Го вртиме лозниот грал,
Вртиме факел Прометеев,
Димот во занес од саксот и рајдот
Призрак се твори од вечниот Деец.
А тоа што се мнее
Е дел од една несвесна игра
Родена во племенски огништа древни;
Во реткиот пресек на спирали смртни,
Третиот камен, оменгемен,
Престанува да врти.
Универзумот во топка го туткаме
И кон прашање тешко го тркаламе,
Не прашувајте ме што е,
Знаете што е,
Странци, мои браќа,
Непотребно е тоа што го мислам да го кажам.
Под мозаиков од Вавилонската кула,
Сѐ уште на различни јазици зборуваме,
А сепак се разбираме. Колку-толку.

Дамари

Бев еднаш дете.
И на пирот на ветрот на лице вриеше крвта,
И плод кога црешов ќе скинев во крошните качен,
И пци кога ме бркаа, спрегнат во бегство и згон,
И пак ќе простев и ужина ќе споделев патем,
И мнение ќе споделев вродено вчас ко на сон,
И секој ми беше атом со сетило сетен
И медлика и пелин,
И Живот со мирис ко сношти да преспал со Смртта.
А сега дамарите уште се врели,
Со жупел и порок и жубор од желбишта модри,
Со преќутен усет и побуд и голтнати стени,
Со видби со соѕвездија водородни и сродни,
Со светови и животи на еден вилен семир,
Со кучкина чорба и танцот на Одри,
Со чудба што сведочи токму-сред-пладневни сени.
И секој ми е атом раствор во крвта братски,
И лудо билје и рајско млеко.
И ете од сето се раѓа збор,
И Смртта резонира полна со Живот.
Какофонски спирални патишта складни,
Родум од песијазол наречен срце.

(Од „Ново раѓање на зборот“, антологија на младата македонска поезија во изднаие на ПНВ Публикаци

Share this post
  • Previous Post
  • Next Post

About Author

Борислав Јарчевски

Борислав Јарчевски (1993, Скопје) дипломирал на Катедрата за англиски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ, Скопје. Автор е на стихозбирката „Грош за Харон“ (2019, Темплум)

ЕЛЕМЕНТИ – Број 10

ПРЕВЗЕМИ Број 10

ПОДДРЖАНО ОД

Министерство за Култура

Град Скопје

ЕЛЕМЕНТИ

  • Uncategorized
  • Блог
  • Драма
  • Есеи
  • Интервју
  • Поезија
  • Проза
  • Скопје

ЗА НАС

ИЗДАВА

ЗРУМ „ПЕРУН АРТИС“ – Битола

Главен уредник

САШО ОГНЕНОВСКИ

ISSN 2671 - 3950

КОНТАКТ

Цар Самоил 126а
7000 Битола

info@elementi.mk

ЕЛЕМЕНТИ

  • Uncategorized
  • Блог
  • Драма
  • Есеи
  • Интервју
  • Поезија
  • Проза
  • Скопје

ПОДДРЖАН ОД

Министерство за Култура

Град Скопје

© Електронско списание за книжевност - ЕЛЕМЕНТИ