МОЈАТА СЛОБОДА
Едно суштество побеле
На ѕидот,
Вљубено
Со контурите
Од твојата сенка.
Под месечината…
Го слушам гласот
Што се појавување
Пред мојот поглед.
Гнездо од светла…
Ми недостасуваат
Акордите
Од нечуена
Музика.
Давење
На моите соништа,
Со лисици на рацете.
Мојата слобода
Живее во планините,
Најстариите
Од отровните растенија.
КАЛУЃЕРКА
Прво се појавија орлите
Во една ноќ
На измамничките светла…
Во страв…
Гласот на мојот сон
Ми го поплави
Увото,
Тече
Крв
Врз моите прсти…
Да се заборави…
Мојата глава
Азил
На осамените суштества…
Сакам да живеам
Зима
Што трае вечно,
Со петел што пее
Во мојата глава,
Смртта на птицата
Во мојата душа.
Препев од англиски јазик: Сашо Огненовски