ДЕЦАТА НА СОЦИЈАЛИЗМОТ
Есен, дождлив ден
патување на душата
Јанѕа на границите на совеста
Таинствена возбуда
Во смрзната душа
На ден со дожд како овој
пресек на бегања во историја
Кога скитници без чадор
Итаат во егзил
Во Тирана, Скопје, Приштина или Париз
Очајниците бараат татковина
Магли на гневот
им ги покриваат патиштата
Слика на погледите над болни лисја
Едно жолтило накиснато од дожд
Дожд на „Генералот…“ на Кадаре18 врне
Во Париз, Москва, Тирана, Истамбул или
Бостон
Копнеж и болка за децата на социјализмот
18 Романот „Генерал на мртвата војска“ на Исмаил Кадаре,
во која дождот е лајтмотив на нарацијата …
ХЕРОИ НА БАЛАДАТА
Само Јас и Ти можеме да знаеме
Зошто умираат хероите
На крајот на баладата
Ние одиме по сиви патеки
До вечноста
Каде што Хамлетите најпосле
Го убиваат заборавот
И ја разрешуваат животната дилема
Да се биде или не
Само Јас и Ти
Можеме да знаеме
Дали умираат среќни хероите
На крајот на баладата
ТАГА
Планинските венци останаа скиснати
Од дождот што раѓа носталгија
Во Скопје пожолтени лисја
Ја покриле меланхолијата на погледот
Внатре во мене
Сопствен прогон тлее
Ти се чешлаше пред огледало
Тринаесет дена
Колку еден век чекање
Не те израдував со моето враќање
Бремето на слепи векови како слепо црево
Беше тешка за моите плеќи
Самотијата ги убиваше орлите
Во глувча дупка завршуваа илузиите
Со што можев да те израдувам
Јас кој зајавнал на болката
По смртта на вербата
БЕСМРТНОСТ
Патот на идилата
До бесмртноста води
Нераспознаени остануваат
Случајните љубовници
Во постела на сласта
Вратите остануваат отворени
Пепелта живот раѓа
Како митска птица
Нема бесмртност
За хероите на баладата
Ако ја бакнат смртта
Неосвоени од љубовта
(Од поетската збирка „Сватови на песната“ во издание на Матица Македонска, Скопје, 2020)