Elementi Logo

АВТОР: Даниела Андоновска Трајковска

Објави од Даниела Андоновска Трајковска
Backgorund

Даниела Андоновска Трајковска

Даниела Андоновска-Трајковска (1979, Битола, Македонија) е македонска поетеса, прозаистка, книжевна критичарка, доктор на науки по педагогија во областа на методиките и редовен професор по методика на Педагошкиот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола. Член е на Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ), на Славјанската литературна и уметничка академија со седиште во Варна, на Битолскиот книжевен круг (БКК) и на Македонското научно друштво (МНД) – Битола, каде во два мандати била претседател на Уредувачкиот совет. Главен уредник е на списанијата „Раст“ (БКК) и „Современи дијалози“ (МНД-Битола). Има објавено над 100 научни трудови објавени во референтни меѓународни научни списанија, 9 книги поезија од кои последните четири се со наслови: „Куќа на контрасти“ (Матица, Скопје, 2019), „Електронска крв“ (ЦК„Ацо Караманов“ – Радовиш, 2019), Математичка поезија“ (ЦККС, Скопје, 2020) и „Пеш по воздушна линија“ (Ми-Ан, Скопје, 2021), една книга со кратки раскази, една коавторска песнарка за деца, неколку стручни публикации и еден универзитетски учебник „Критичка писменост“ (2019). Нејзината книга „Електронска крв“ е објавена на англиски јазик („Electronic Blood“, Cyberwit India, 2021) и на арапски јазик (Равашен, Обединети Арапски емирати, 2021). Коавтор е на книгата „Dandelion Cadence“ заедно со уште тројца автори која содржи поезија на англиски јазик и е објавена во Калкута, Индија во 2021. Добитник е на повеќе награди меѓу кои позначајни се: „Крсте Чачански“ за проза (2019), Караманов 2019 за поезија, Македонска книжевна авангарда (2020), Abduvali Qutbiddin (Узбекистан, 2020), Premio Mondiale "Tulliola- Renato Filippelli" во Италија (2021), "City of Galateo-Antonio De Ferraris" (Рим, 2021) и највисоката награда за поезија што ја доделува Друштвото на писатели на Македонија „Ацо Шопов“ (ДПМ, 2021). Преведена е на над 40 светски јазици и објавена во реномирани книжевни списанија и антологии во земјата и странство.

ОПСТАНОК

ОПСТАНОК повисокиот број на леукоцитиво епруветата во која тупанците имаат зборпо мозочниот удар на електричните апаративо кујната со еднонасочна комуникацијаи ...

Прочитај Повеќе

ЕЛЕМЕНТИ – БРОЈ 12

ПОДДРЖАНО ОД

Елементи

Елементи

© Електронско списание за книжевност - ЕЛЕМЕНТИ