НАУЧИЛИШЕН ЅИД…
На училиштен ѕид
зборот слобода со бела креда го запишале
малите детски рачиња.
На ѕидот на Историјата
нивите имиња со крв ги запиша
слободата.
СЕКОЈДНЕВНА ГЛЕТКА…
Секојдневна глетка:
Редица пред пекарата,
звук од експлозии.
Сите трчаат,
дури и дрвјата ги тегнат своите корења, обидувајќи се да избегаат.
Но не и гладот.
На гладот веќе не му е гајле,
останува да чека
да купи
леб.
Препев од англиски јазик: Јулијана Величковска
МАРАМ АЛ-МАСРИ (1962) Марам ал-Масри е родена во 1962 г. во Латакија, Сирија. Студирала Англиска книжевност на универзитетот во Дамаск, пред да почне да ја објавува својата поезија во арапските книжевни списанија во почетокот на ’70-те. Од 1982 г. живее во Париз, Франција. Денес, Марам ал-Масри се смета за еден од најрафинираните, највлијателните и најзнаменитите женски поетски гласови од нејзината генерација што ги одушевуваат читателите насекаде во светот. Нејзината поезија е високо вреднувана од критичарите во арапските земји и низ светот („Тајмс“, „Гардијан“ итн.). Добитничка е на наградите Адонис од Либанскиот културен форум во 1998 г., Premio Citta di Calopezzati , Prix d’Automne 2007 и многу други. Автор е на повеќе од десетина стихозбирки, а нејзините книги и песни се преведени на повеќе од 20 светски јазици. Учествувала на бројни интернационални поетски фестивали во Франција и низ светот, а нејзините дела се објавувани од најпрестижните издавачки куќи во Британија, Франција, Италија, Шпанија, Ирска итн.