logo
  • Почетна
  • Автори
  • Архива
  • Скопје
  • Импресум
  • Елементи
    • Поезија
    • Проза
    • Драма
    • Есеи
    • Интервју
  • Блог

Разлики

27/04/2022 во Поезија од Сузи Тенева

Разлики

Запрашаниот ум, не е секогаш и загрижен ум.
Насмеаниот лик, не е секогаш и весело срце.
Меланхоличните природи, не се секогаш тажни природи.
Воздржаните зборови, не навестуваат отсуство на љубов.
Погледите, не се секогаш присутни онаму каде што гледаат.

Денови на љубовта

Денови на љубовта!
Создавај такви денови!
Исполнувај ги деновите со љубов,
тие остануваат трајни, и во сеќавањето и во чувствувањето.
Но, не заборавај ја љубовта и во ноќите кога осаменоста се чувствува посилно,
не заборавај ја, кога осаменоста настапува полесно,
не заборавај ја, кога осаменоста е поблага, но и кога е поостра,
и тогаш имај ја љубовта како надеж, како закрила.

Мечтите

Излегуваат мечтите на балконот,
и оттаму ги гледаат далечните пространства,
потенцијалните места каде би можеле да престојуваат.
Тие имаат и начини како до таму да стигнат,
бидејќи патуваат со она што е немерливо.
Тие патуваат со мислата,
а мислата не се противи на тоа патување со нив.
Мечтите не се исто што и заблудите,
мечтите не се исто што и празното сонување,
мечтите се разбудување и поттикнување на силите и креативноста во човека.
Човек во себе носи далечни пространства.

Share this post
  • Previous Post
  • Next Post

About Author

Сузи Тенева

Сузи Тенева е родена во Скопје. Дипломира на Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет во Скопје. Магистерските студии ги завршува на истиот Институт на тема: „Кантовото разграничување меѓу убавото и возишеното“. Докторира на Институтот за филозофија на тема: „Гадамеровата херменевтика во естетиката на XX век“. Се занимава со истражувања од областа на естетиката. Досега има објавено две дела, „Кантовото разграничување меѓу убавото и возвишеното“ (Скопје: Аз-Буки, 2011) и „Мисли и зборови“ (Скопје: Антолог, 2014).

ЕЛЕМЕНТИ – Број 7

ПРЕВЗЕМИ Број 7

ПОДДРЖАНО ОД

Министерство за Култура

Град Скопје

ЕЛЕМЕНТИ

  • Блог
  • Драма
  • Есеи
  • Интервју
  • Поезија
  • Проза
  • Скопје

ЗА НАС

ИЗДАВА

ЗРУМ „ПЕРУН АРТИС“ – Битола

Главен уредник

САШО ОГНЕНОВСКИ

ISSN 2671 - 3950

КОНТАКТ

Цар Самоил 126а
7000 Битола

info@elementi.mk

ЕЛЕМЕНТИ

  • Блог
  • Драма
  • Есеи
  • Интервју
  • Поезија
  • Проза
  • Скопје

ПОДДРЖАН ОД

Министерство за Култура

Град Скопје

© Електронско списание за книжевност - ЕЛЕМЕНТИ