logo
  • Почетна
  • Автори
  • Архива
  • Скопје
  • Импресум
  • Елементи
    • Поезија
    • Проза
    • Драма
    • Есеи
    • Интервју
  • Блог

МАКЕДОНСКИТЕ АВТОРКИ ОД XIX ВЕК ПОМЕЃУ ДОМОТ И ЈАВНОСТА

30/06/2021 во Есеи од Славчо Ковилоски

За појавата и развојот на македонската женска писменост и творештво, односно авторство (она што некои го нарекуваат женско писмо), голема улога одиг­рале општествено-културните ус­ло­ви во XIX век. Покрај различните културни услови во Македонија во однос на слободните балкански, како и западноевропските земји, постои и уште една суштинска разлика во понатамошниот развој на македонското женско авторство. Соседните балкански земји (Србија, Бугарија и Грција) веќе ја имале воспоставена својата др­жав­ност, па жените можеле да создаваат во релативно побезбедни и во секаква друга смисла подобри услови за разлика од македонските жени. За да добиеме поцелосна слика за неможноста на жените да продрат во јавниот живот, доволно е да знаеме де­ка во ова време ниту мажите немале гаранција за неповредливост при дви­жењето, односно основни права за живот. Во речиси целиот XIX век, бал­канските поседи на османлиската држава претставувале мегдан за бор­ба на локалните аги и бегови, на арамиските банди и на револуцио­нер­ни борби од ослободителен карактер.

Сликовит пример за односот на локалните власти кон домашното македонско население наспроти странските државјани, ни нудат англиските патнички Аделина Ирби и Мју­ир Макензи. Тие, патувајќи низ Македонија запишале дека имале многу про­блеми со турските властодршци. Затоа, во еден нивен патопис запишале дека нивниот преведувач, селанец, бил из­ло­жен на постојани опасности и „секое влијание му беше одземено затоа што не носеше европска облека“. А треба да знаеме дека огромното мно­зинст­во од македонското население живеело во рурални средини или, пак, би­ло новодојдено во градовите, но со задржани селски навики и облека. За­тоа, ако на Англичанката Вирџинија Вулф ѝ било тешко да твори во 1928 година, бидејќи „жената мора да има пари и своја сопствена соба ако са­ка да пишува романи“, тогаш можеме само да претпоставиме со какви теш­котии се соочувале македонските жени. Од нив се очекувало да имаат повеќе деца кои, најчесто, самите тре­ба­ло да ги изгледаат во фамилијарна заедница која можела да брои и до пе­десетина членови, без никаква можност за интимно катче, во систем што не им овозможувал право на наследство (а со тоа и издршка), односно во заедница во која често пати мажите отсуствувале од домот (поради пе­чал­ба, трговија, револуционерен ангажман).

Значи, можеме да ја потврдиме константната зафатеност на же­ни­те во домот. Меѓутоа, ако се суди според нивните сопрузи, тие тука биле ре­лативно безбедни. Надвор од портите постоеле фактори што можеле да го загрозат нивниот живот. Постојат бројни записи во поетските, проз­ните и драмските дела на македонските автори кои даваат описи за гра­бања на девојки, за силувања и за насилни потурчувања. Да се пот­се­ти­ме и дека една од најпознатите македонски драми Македонска крвава свад­ба од Војдан Чернодрински како главен мотив го има грабнувањето на момата Цвета на отворено, во полето каде што се работело. Мно­гу­број­ни примери за вакви насилства има и во народните песни. И тоа е една од при­чините поради која сметаме дека можностите на македонските жени за литературна активност биле сведени на минимум. Сепак, енергијата и пот­ребата за задоволување на интелектуалниот и творечки немир ре­зул­ти­рале со, како што вели Е. Шовалтер „суштински женски уметнички форми, начини на изразување кои природно произлегуваат од женските импулси за грижа и за штедење, и тие сочинуваат еден женски јазик неразбирлив за машката публика или читатели“. Во овие уметнички форми на женското изразување, покрај ра­котворбите, ги вбројуваме и интерпретирањето и пресоздавањето на на­родните песни. Така, пишувајќи за народните пејачки, некои нашп книжевни историчари одат чекор подалеку, именувајќи ги како „македонски поетеси“, а нив­но­то творештво како „женско поетско писмо“, односно „македонско женс­ко писмо на 19 век“. Ако го прифатиме тврдењето дека надарените народни пејачки создавале и пре­создавале песни (во усното творештво), односно дека се нивни ав­тор­ки, тогаш македонското женско творештво во XIX век добива низа квалитетни ими­ња што треба да најдат место во нашата книжевна историја.

За оние жени, пак, што успеале да остават сопствен писмен запис, мо­жеме да кажеме дека успеале да ги надвишат средината, стереотипите и ог­раничувањата, на тој начин станувајќи вистински пример за по­ка­жу­ва­ње на борбеноста на женскиот дух. За жал, поради силно изразените пред­ра­суди дека на жените не им прилега јавниот настап, ниту да се потпи­шу­ва­ат со име и презиме, дел од нив никогаш не го обелодениле својот иден­ти­тет. Нивните текстови се објавувани како анонимни дописки, со ини­ци­ја­ли или, пак, со псевдоним(и). На таков начин, целосната претстава за женс­кото творештво во Македонија е значително осиромашена за поголем број ав­торки. Сепак, веќе регистрираните публицистички текстови на Марија Хр. Зрнева, Славка Динкова, Евтимица Јанчева, како и ракописната оставштина на Анастасија Милошова, Митра Миладинова и други жени, даваат до знаење за нивните напори да покажат видливост и да покажат пркос, како и да ги реализираат, барем во дел, своите креативни енергии.

Во XIX век од жените се очекувало да бидат ќерки, сопруги и мај­ки, па главната работа што им недостасувала било времето. А сепак, пос­то­јат повеќе случаи кога овие ќерки, сопруги и мајки биле и учителки, но и авторки. Успешното менаџирање на домашните и надворешните обв­р­с­ки го оценуваме како вистински подвиг на македонските жени, а на таков н­ачин, македонското женско авторство од XIX век уште повеќе добива на зна­чење. Всушност, за него можеме да дадеме и историска конотација и да го ана­лизираме и од гледна точка на првичните обиди за еманципација на же­ните во општеството. Во оваа насока, ќе се послужиме со зборовите на Јад­ранка Владова дека: „и покрај тоа што не постои машко писмо, мораме да се соочиме со нешто што би можеле да го на­речеме и еманципација на женското авторство кое може и историски да се лоцира со својата засилена активност“. Како што можеме да видиме, таа активност за еманципација на жените не е појава исклучива само за XX век. Неа мора да ја вратиме малку поназад, во последните децении на XIX век, кога на територијата на Македонија започнале да се основаат првите женс­ки училишта, да се формираат првите женски организации и здру­же­ни­ја, кога учителките преку јавните говори започнале да ги бараат ос­нов­ни­те права за образование и кога, макар и скромно, започнале да творат и да објавуваат текстови.

ЗадагипретставиметешкитеусловизаактивенјавенживотнаМакедонките, ќегонаведемепримеротсоучителкатаЕвгенијаРакиџиева, подоцнаЈанчулева. Тааодржалаповеќеговоривоползанажените и подготвилаобеменизвештајзаженскотообразованиевоПрилеп. РакиџиевасеомажилазадокторотЈорданЈанчулев, којпоизвесновремезаминалвоЦариграднадоусовршување. Порадитоа, спореданонимната допискаодСолун упатена до цариградскиотвесникНовини, „таасегрижеласотруд и сосвоитесредствадамуолеснинасвојотсопругдагизавршинауките. Тоа е редокпримерзапофалба. Извршенотоод г-ѓаЈанчулева е целподвиг и достоензаподдршка“.Оддругастрана, одчленовитенаПрилепскатацрковно-училишнаопштина, Јанчулева е опишанакакомошне „енергична“ жена. Порадиактивноститештотаагиимала и водомот, но и надвороднего и коиуспешногизавршувала, заграѓанитестаналапример, моделнажена, којасо „под­виг“ успешногирешавалапроблемитеодсекојдневјето.

„Сопственатасоба“ заМакедонкитеод XIX векнепостоелавофизичкасмисла. Тиеможеледајапроектираатсамовосвојотум. Онаштоостаналосопотписотнанивнотоперо е производнакултурнитепроменикоинастаналевомакедонскотоопштествено и културноопкружување. Причинитезаскромнатакнижевнадејност, какоштонаведовме и погоре, гинаоѓамевоопштествено-политичкитеусловивоосманлискатадржава (а сотоа и воМакедонија), воцврстиотпатријархаленсистем и вотрадиционалниотпогледнасветот, вонемањетосопственадржавност и кодифициранлитературенјазик, во (полу)анархичнатасостојбакојавладеелавоовиепределинаБалканот, вонемањетонаимотна и животнабезбедност, како и порадиреволуционернотодвижењекоејаопфатилоМа­ке­до­нија. Вонашиотслучај, перотогозаменилесопушките, бидејќиборбатазаслободаречисисекогашгонадминувакнижевниотпорив.

Share this post
  • Previous Post
  • Next Post

About Author

Славчо Ковилоски

СЛАВЧО КОВИЛОСКИ (1978), поет, прозаист, книжевен критичар, културолог. Автор на три поетски збирки, една поема, две монодрами, три романи и една збирка раскази: Сонцето повторно ќе изгрее, Сонување, Синот на кралот, Барутна поезија и др. Добитник е на наградите: Прозни мајстори, Јован Котески, Гоце Делчев.

ЕЛЕМЕНТИ – Број 7

ПРЕВЗЕМИ Број 7

ПОДДРЖАНО ОД

Министерство за Култура

Град Скопје

ЕЛЕМЕНТИ

  • Блог
  • Драма
  • Есеи
  • Интервју
  • Поезија
  • Проза
  • Скопје

ЗА НАС

ИЗДАВА

ЗРУМ „ПЕРУН АРТИС“ – Битола

Главен уредник

САШО ОГНЕНОВСКИ

ISSN 2671 - 3950

КОНТАКТ

Цар Самоил 126а
7000 Битола

info@elementi.mk

ЕЛЕМЕНТИ

  • Блог
  • Драма
  • Есеи
  • Интервју
  • Поезија
  • Проза
  • Скопје

ПОДДРЖАН ОД

Министерство за Култура

Град Скопје

© Електронско списание за книжевност - ЕЛЕМЕНТИ