logo
  • Почетна
  • Автори
  • Архива
  • Скопје
  • Импресум
  • Елементи
    • Поезија
    • Проза
    • Драма
    • Есеи
    • Интервју
  • Блог

На врвките на животот

29/10/2023 во Поезија од Дамјан Златановски

Син декември, мене студот ме топли
во стара волница од нов непознат мот.
По трет пат те сретнувам низ празни толпи
во пеколните кошмари од студената пот.
Сѐ уште чувствувам чувства празни,
пишувам писма, адресирам: „тивок огин“.
Од мене останаа нераскажани сказни
од својот живот кај сум само еден непознат гостин.
На праг е јануари, на усните кашмиров шал,
в гради виулица, на мислите наталожени сомнежи.
Самува мојата улица, под солитери, снег и жал,
а јас повторно посегнат кон неостварените копнежи…
Зошто ме сепнува иднината што следи,
иако филмот го изгледав уште в дамнина?
Во раното детство, што полека бледи,
во мајчиниот скут под небесната рамнина.
Месец на мразот, а јас уште закитен со Божиќни нишки
од цинобер. Книга на коленици, тие околу врат,
треперат отсјај низ своите последни воздишки.
Зарем тие се водилките низ животниот ми пат?
На врвот од прстите се придржувам, по нова книга
посегнувајќи. Солзите на прозорецот спелуваат носталгија.
Нов сум човек, а старо бреме ми недостига
крај квадратите мастило со исушената Далија.
Ќе се стопат ли куси страсти со снегот,
што ко бескрајна вечност ги сетив?
Дали првиот цут ќе ми стане збегот
и мелем на раната, бар дур сум жив?
***
Виолетови сенки се нижат на ѕидот,
А под нив лалиња замотани во весник.
Март нечујно заминува од видот
Се кинат врвките животни, на овој син песји.

(Од „Ново раѓање на зборот“, антологија на младата македонска поезија во изднаие на ПНВ Публикации, Скопје, 2023)

Share this post
  • Previous Post
  • Next Post

About Author

Дамјан Златановски

Дамјан Златановски (2003, Куманово) студира на Факултетот за електротехника и информациски технологии при УКИМ, Скопје. Во средношколските денови станува член на Друштвото на писателите на Куманово и редовен колумнист на неформалното здружение за култура „Култура β“. Трикратно бил ученик на Летната школа за поезија, проза и драма под менторство на проф. д-р Венко Андоновски. Дебитираше на поетското читање за млади поети „Отскочна даска“ во рамки на Скопскиот поетски фестивал во 2022 г.

ЕЛЕМЕНТИ – Број 10

ПРЕВЗЕМИ Број 10

ПОДДРЖАНО ОД

Министерство за Култура

Град Скопје

ЕЛЕМЕНТИ

  • Uncategorized
  • Блог
  • Драма
  • Есеи
  • Интервју
  • Поезија
  • Проза
  • Скопје

ЗА НАС

ИЗДАВА

ЗРУМ „ПЕРУН АРТИС“ – Битола

Главен уредник

САШО ОГНЕНОВСКИ

ISSN 2671 - 3950

КОНТАКТ

Цар Самоил 126а
7000 Битола

info@elementi.mk

ЕЛЕМЕНТИ

  • Uncategorized
  • Блог
  • Драма
  • Есеи
  • Интервју
  • Поезија
  • Проза
  • Скопје

ПОДДРЖАН ОД

Министерство за Култура

Град Скопје

© Електронско списание за книжевност - ЕЛЕМЕНТИ