ГАЛОПОТ НА ДРВЕНИТЕ КОЊЧИЊА ВО НОЌТА
Поетска драма
2 ЛИЦА
МИРО 24 години, висок младич со груби црни чизми.
ЛУНА 19 години, негувана девојка со бели чизми.
5 КОЊИ Дрвени коњчиња од рингишпил.
ПРОСТОР Луна-парк.
ВРЕМЕ Ноќ.
3
(Луна-парк. Ноќ. Паѓаат снегулки. ЛУНА седи на подот на рингишпилот
кој не се врти. Од позади, на прсти и се приближува МИРО и ѝ ги покrива
очите со двете раце, Луна се обидува да се ослободи но тој премногу
цврсто ја држи за очите.)
МИРО
Опасно е девојка да седи сама навечер во Луна парк. Може да ѝ се случи нешто грозно.
(Луна не одговара, сака да ги тргне рацете на Миро но тој цврсто ги
држи нејзините очи затворени.)
Може некој засекогаш да ѝ ги затвори очите.
ЛУНА
Можеби девојката не се плаши да и бидат затворени очите туку се плаши да не поврати од
мирисот на помаранџа.
(Миро ги трга рацете и седнува до неа.)
МИРО
Заборавив.
ЛУНА
Пак си јадел помаранџа. Мора ли секогаш рацете да ти мирисаат на помаранџа?
МИРО
Само што ја изедов – обожавам помаранџи – ја имаат бојата на твојата коса.
ЛУНА
Само поради тоа сакам да ја префарбам. Каде беше цел ден?
МИРО
На гробишта.
ЛУНА
И што правеше таму цел ден?
4
МИРО
Со мајка ми го чистевме гробот на татко ми.
ЛУНА
Па нели немаш татко?
МИРО
На очувот.
ЛУНА
Лажеш.
МИРО
А што е тоа толку важно?
ЛУНА
Си бил со друга.
МИРО
Луна, покрај тебе не ми е потребна друга.
ЛУНА
Цел ден не беше покрај мене.
МИРО
Не ми веруваш?
ЛУНА
Извини. Истото се случуваше и кога бев мала… Татко ми секогаш доаѓаше во 5, еднаш дојде во 5 и
15 и не му отклучив врата 2 саати.
(Миро ја бакнува, таа се стуткува во неговата прегратка.)
Слушам како ти чука срцето. Сакам секогаш да сум толку блиску за да го слушам како чука. Еве,
вака. Да го слушам како чука… Да чука… Да чука… Си сакал некој толку многу за да се исплашиш
дека може срцето да ти пукне?
МИРО
5
Го донесе клучот?
ЛУНА
(Луна од џебот вади голем златен клуч.)
Ветив?
МИРО
Ти го даде? Лазар? Лазар ти го даде клучот?
ЛУНА
Лазар спие. Секогаш го чува под штицата од креветот. Оваа машина му е најважното нешто во
животот после мене.
МИРО
Луна, дали си ти нормална? Како си смеела да го земеш? Знаеш ли што може да направи татко ти
ако види дека си му го украла клучот?
ЛУНА
Го земав поради тебе.
МИРО
Што ако се разбуди?
ЛУНА
Нема да се разбуди, никогаш не се буди навечер… Тој живее за денот, а јас за ноќта… Тој живее за
среќата на денот, а јас за љубовта во ноќта.
(Пауза.)
Е што сега? Сакаш да го вратам клучот и да се преправаме дека ова никогаш не се случило?
МИРО
Знаеш како се уклучува?
ЛУНА
Не ми веруваш?
6
МИРО
Сигурно дека знаеш како се уклучува… Твојот рингишпил.
ЛУНА
На татко ми. Ајде качи се.
(Миро тргнува кон белото коњче на рингишпилот.)
Јас ќе се возам на белото коњче!
МИРО
Значи ќе ми седиш во скут.
(Миро седнува на белото коњче.)
ЛУНА
Добро. Ти качи се на коњчето, а јас ќе седнам во кочијата!
(Луна го вовлекува клучот во механизмот на рингишпилот и го завртува
неколку пати. Рингишпилот почнува да се врти, се слуша
препознатливата музика која го следи вртењето на рингишпилот. Луна
скокнува во кочијата, се вртат.)
Миро! Миро! Сега ќе те стигнам! Сега ќе те стигнам! Сега! Сега! – Миро галопира како ветер, како
мисла, како трепет. Миро, малиот принц Миро смело јава на своето бело коњче низ планини,
реки, мориња и океани, ништо не може да го спречи во неговите походи, неуморлив и
непобедлив. Миро! Миро! Сега ќе те стигнам! Сега ќе те стигнам! Сега! Сега! – Миро галопира
како ветер, како мисла, како трепет. Миро, јавачот на апокалипсата.
МИРО
(Со детски глас.)
Мамо! Мамо! Види ме! Јас сум принцот на белиот коњ кој јури за да ја спаси својата принцеза од
страшниот змеј! Јунакот Миро оди повторно во една од своите авантури во кој ќе се бори со
најстрашните чудовишта и диви ѕверови само за да ја спаси својата единствена љубов –
принцезата Луна.
ЛУНА
Држи се силно за коњот Миро! Толку ли ја сакаш твојата принцеза за да се бориш со страшниот
змеј?
7
МИРО
Ја сакам повеќе од себе!
ЛУНА
Колку?
МИРО
До небото и назад!
ЛУНА
Само толку?
МИРО
И од небото до бескрајот.
ЛУНА
Тогаш оди и спаси ја својата принцеза! А јас ќе бидам тука и ќе те чекам малечко мое… Засекогаш
ќе те чекам… Врати се што побрзо и потоа ќе правиме голема свадба!!!
МИРО
Таа има очи како смарагди, коса долга и мека како пердувесто перниче и образи црвени како
штотуку расцветана пупка… Таа е мојата љубов… Никогаш не сум го подарил моето срце на
некого… Таа ќе биде прва, зошто таа нема да го повреди… Мамо сакаш ли да ти донесам девојка
која ќе може да ме сака повеќе од тебе, која ќе може да ме прави среќен кога тебе ќе те нема?
ЛУНА
Ако таа може да те направи среќен засекогаш, јас ќе ја сакам повеќе од себе… Спаси ја од
страшниот змеј!
МИРО
Страшниот змеј Лазар!
ЛУНА
Таа се наоѓа на врвот од една раскошна кула направена од злато и е многу осамена, секој ден
мечтае дека нејзиниот принц ќе се појави на бел коњ и ќе ја земе со него засекогаш.
8
МИРО
Тој лош змеј Лазар со години ја држи заробена таму, но јас ќе го извадам мојот остар меч, ќе го
натерам да моли за својот живот, потоа ќе го прободам во срцето и ќе му ги исечам сите три
глави. Тогаш принцезата Луна ќе стане моја.
(Нешто зашкрипува. Одеднаш музиката запира и рингишпилот
застанува. Пауза.)
Луна? Луна? Зошто не се врти?
(Луна скокнува од кочијата и проверува што е со рингишпилот.Го става
клучот во механизмот на рингишпилот и неколку пари пробува да го
вклучи. Рингишпилот не се врти. Миро сѐ уште седи на своето коњче.)
Се расипа?
ЛУНА
Престани.
МИРО
Знаеш да го поправиш?
ЛУНА
Само Лазар знае.
МИРО
Сабајле ќе дознае дека си го украла клучот и…
ЛУНА
Престани!
(Луна упорно се труди да го уклучи рингишпилот.)
МИРО
Пушти да не расипеш уште нешто.
ЛУНА
Престани! Мора да се врти! Мора да се врти!
9
МИРО
Мора, ама еве не се врти.
ЛУНА
Мора да се врти како ти викам. Мора! Принцезата не смее да остане заробена во канџите на
змејот. Мора да се врти!
МИРО
Принцезата ќе остане засекош заробена во канџите на змејот. Никогаш нема да излезе од
недостижно високата златна кула. Змејот ќе ги проголтува сите нејзини додворувачи. Таа ќе
остане сама. Засекогаш сама. Косата ќе и обели, забите ќе и се расклатат… Лицето, лицето повеќе
нема да и биде меко и нежно туку ќе се збрчка, страшни нокти ќе и пораснат, нокти како канџи…
Очите ќе и пожолтат, од устата ќе и излегуваат гуштери и змии… Од ушите ќе и летаат молци и
лилјаци, од носот ќе се цеди смола и кал, по телото ќе и се отворат рани по кои ќе тече катран и
гној, стапалата ќе и пуштат корења и жолто лисје ќе ја прекрива, над лисјето земја, над земјата
снег, над снегот пепел, над пепелот гранки, над гранките среброто на Месечината. Сите ќе ја
заборават убавината на принцезата и таа ќе стане грозна како вештерка… Децата навечер ќе се
плашат да не се појави вештерката Луна да не ги изеде….
ЛУНА
Престани, престани.
(Кон машината.)
Ајде врти се, врти се… Посрана машино! Врти се!
МИРО
Врти се, ама не се врти.
ЛУНА
Врти се!
МИРО
Буткај!
ЛУНА
Врти се!
МИРО
10
Буткај!
ЛУНА
Врти се!
МИРО
Буткај! Буткај! Буткај го рингишпилот! Ако сакаш принцезата да биде спасена од страшниот змеј!
Буткај!
(Луна почнува да го бутка рингишпилот. Рингишпилот почнува да се
врти. Миро е на своето коњче, го јава и се смее.)
Побрзо! Побрзо! Принцезата не смее да чека!
(Луна се посилно и посилно го бутка рингишпилот, паѓа на земја и си ги
крши забите.)
Буткај!!! Буткај!!!
Буткај!!! Буткај!!!
Буткај!!! Буткај!!!
(Од устата и тече крв, но Луна и понатаму со сета сила го врти
рингишпилот, Миро е среќен.)
Побрзо! Побрзо! Музика! Музика! Каков е овој рингишпил без музика? Луна – пеј!!! Пеј!!!!
(Луна тивко пее.)
Пеј, Луна пеј!!!!
(Луна пее.)
Погласно, погласно!
(Луна пее, погласно.)
Посилно, посилно…Пеј!!! Пеј!!!
(Луна пее, така речи – дерејќи се. Во тој момент оживуваат сите
коњчиња од рингишпилот.)
КОЊЧИЊАТА НА РИНГИШПИЛОТ
(Во ритам.)
11
ЛУНА, ЛУНА, ЛУНА, Пеј!
Пеј, пеј, ЛУНА, пеј!
Буткај, буткај, буткај, пеј!
ЛУНА, ЛУНА, ЛУНА, пеј!
Пеј, пеј, ЛУНА, пеј!
Буткај, буткај, буткај, пеј!
…
МИРО
Слушаш ли Луна? Ајде Луна буткај! Пеј!
КОЊЧИЊАТА НА РИНГИШПИЛОТ
(Во ритам.)
Буткај, буткај, буткај, пеј!
…
МИРО
Не те слушам Луна! Пеј!!! Пеј!!!
КОЊЧИЊАТА НА РИНГИШПИЛОТ
(Во ритам.)
ПЕЈ! ПЕЈ! ПЕЈ!
Буткај, буткај, буткај, пеј!
…
(Луна пее се погласно и погласно. Одеднаш Луна паѓа. Миро и коњчињата
ја прегазуваат и одат кон месечината. Коњчињата продолжуваат да пеат на
патот кон Месечината.)
КОЊЧИЊАТА НА РИНГИШПИЛОТ
(Во ритам.)
ЛУНА, ЛУНА, ЛУНА, Пеј!
Пеј, пеј, ЛУНА, пеј!
Буткај, буткај, буткај, пеј!
ЛУНА, ЛУНА, ЛУНА, пеј!
12
Пеј, пеј, ЛУНА, пеј!
Буткај, буткај, буткај, пеј!
…
(Миро и коњчињата одлетуваат кон Месечината… Луна останува да
лежи сама во снегот во локва крв.)
КРАЈ