logo
  • Почетна
  • Автори
  • Архива
  • Скопје
  • Импресум
  • Елементи
    • Поезија
    • Проза
    • Драма
    • Есеи
    • Интервју
  • Блог

ТИ ЗНАЕШ

14/07/2021 во Поезија од Фери Лаиншчек

ТИ ЗНАЕШ

Ти знаеш дека утрата се како мали деца
и чистата свежина на отворениот прозорец
е полна со немир.

Ти знаеш дека како сонце одново се раѓаме
и ноќната тишина од претходниот ден
е бездна на споменот.

Ти знаеш дека љубовта не е правиот збор
и долгите романи на денешницата
се полни со празнина.

Ти знаеш дека веќе долго сме сами на патот
и дека трагите на непознатата двојка
пронајдени се од ретко кој.

Затоа веќе по стоти пат ме бакнуваш како да е прв
и нашата приказна одново започнува.
Меѓу нас повторно има таинствена блискост
и денот ќе биде преполн со копнежи.

ВТОРО ИМЕ

Повторно замина летото, а останав само јас,
jа носев гитарата, а таа не пушти глас.
На моите денови се збираше прав,
ти повторно донесе љубов и страв.

Дојде како птица долго што лета,
никој не те чекаше ноќта откога прелета.
Останавме сами и тргнавме далеку ние,
самотијата твоја крај мојата спие.

Во очите солзите и ѕвездите ти чинеа сјај,
тајната остана на патишта, знај.
Ми донесе сон и срце чисто,
а моето име утринава не е исто.

Се будеше денот, со сè беше полн,
на Бога се помолив за да нема бол,
умот нека го земе, сонот нека ми цвета,
слободна е душата со тебе што лета.

НЕ БИДИ КАКО ДРУГИТЕ

Донеси ми цвеќиња диво што цветаат
однеси ме во шума кај џуџињата живеат.
Покажи ми ѕвезда со името мое
кажи ми песна од срцето твое.

Понекогаш покани ме на непознати места,
под пенџере музика свикај со утринска геста.
Раскажувај за соништата иако се грешни,
довери ми ги желбите, иако се смешни.

Стори го тоа, не слушај друг што ќе рече
љубовта не е река по корито што тече
Повтори го тоа, не оди право по патот
зашто среќата не патува кон тебе во часот.

Бакни ме нежно другите дури минат,
Покани ме во градот другите кога спијат.
Со судбина жива и јунаци мртви
возовите и станиците стануваат жртви.

Препев од словенечки: Соња Цекова Стојаноска

Share this post
  • Previous Post
  • Next Post

About Author

Фери Лаиншчек

ФЕРИ ЛАИНШЧЕК (1959), словенечки писател, поет, драматичр и сценарист. Роден е во Доленци, во Лутеранско семејство. Дипломирал новинарство на Љубљанскиот универзитет и од 1980 година работи како презентер во Радио Љубљана. Од 1990 година живее и работи во Мурска Собота. Автор е на над дваесет романи и исто толку романи за деца, на десетин поетски збирки, како и на голем број радио драми за деца и возрасни. Напишал сценрија за шест филмови. Добитник е на голем број на нгради како: Прешернов склад, наградата Кресник (двапати), Вечерница, Десетница, награда за сценарио на фестивалот за словенечки филм во Порторож, како и Прешерновата награда за животно дело.

ЕЛЕМЕНТИ – Број 7

ПРЕВЗЕМИ Број 7

ПОДДРЖАНО ОД

Министерство за Култура

Град Скопје

ЕЛЕМЕНТИ

  • Блог
  • Драма
  • Есеи
  • Интервју
  • Поезија
  • Проза
  • Скопје

ЗА НАС

ИЗДАВА

ЗРУМ „ПЕРУН АРТИС“ – Битола

Главен уредник

САШО ОГНЕНОВСКИ

ISSN 2671 - 3950

КОНТАКТ

Цар Самоил 126а
7000 Битола

info@elementi.mk

ЕЛЕМЕНТИ

  • Блог
  • Драма
  • Есеи
  • Интервју
  • Поезија
  • Проза
  • Скопје

ПОДДРЖАН ОД

Министерство за Култура

Град Скопје

© Електронско списание за книжевност - ЕЛЕМЕНТИ