logo
  • Почетна
  • Автори
  • Архива
  • Скопје
  • Импресум
  • Елементи
    • Поезија
    • Проза
    • Драма
    • Есеи
    • Интервју
  • Блог

СВЕТУЛКИ ВО НОЌТА

25/01/2022 во Скопје од Томислав Осмали

15. Продавачки на темјанушки и препродавачи

Кино сала.
Една од најсрцепарателните секвенци на „Продавачката на темјанушки.“
Кино салата во која трае проекцијата е стара сала со дрвени столови, исполнта со гледаќи. Тоа се епизодистите на претставата. Меѓу нив Вељо и Рада свртени со лице кон публиката, ја следат речиси без здив проекцијат. Одекнува музиката од филмот.
На звучниот фон од песната на Сарута Монтиел, следуваат неколкупасажи, изведени преку театар на сенки, од платното од позадина:
Наќо му предава нови пупкавци или слична „роба“ од шверц на
Панче. Тој гледа во стоката, а потоа, крадешкум, во Наќо, кој ги брои парчињата…
Панче се среќава со непознат, млад човек. Изменуваат неколку
зборови. Потоа се губат во темницата…
Непознатиот му предава броени пари на Панче. Овој ги зема
кимнувајќи му со глава.
Во собата на Наќо, Панче му ги предава парите. Наќо зема дел и по
пребројувањето му ги предава на Панче. Овој ги зема и ја отвора вратата да замине. Го спречува повикот на Наќо. Се подвраќа. Наќо од сакото вади и му покажува – пасош. Панче стаписано го гледа. Го става пасошот во џеб.
Крај на филмската секвенца на „Продавачката на темјанушки.“

Вељо погледнуваво Рада. Та, трогната, липа и со бело марамче неутешно си ги брише солзите.
Тој го врти погледот кон филмското платно.
Таа си ја олеснува душата. Си ја исплачува маката.

16. Еленот

Офицерот се враќа дома. Облечен е во својата летна униформа. Во едната рака држи чанта, а во другата пакет свиткан во хартија. Дома е Дејан.

КАПЕТАНОТ
Јес’ ту?
ДЕЈАН
Не.
КАПЕТАНОТ
Мислиш да ја не знам. Опет ми се ту заносиш. Ево, ово је за тебе.
ДЕЈАН
Што е тоа?

Капетанот ја кине хартијата. Се појавува препарирана глава на елен со неголеми рогови.

КАПЕТАН
Био тата на лову. За тебе. Ето. Јел’ ти се свиџа?
ДЕЈАН
Глава од мртво животно. Грозно е.
КАПЕТАН
Знаш ти шта је грозно.Грозна је она твоја маска од јелена. Ако очеш јеленску главу има да добијеш праву. Ко што приличи мушком детету. Не ону, Боже ме прости, за балет. Маска је за педере. Глава је з аправе мушкарце. Она се не качи на лице, веч на зид. Ево ти на!

Му ја тутнува еленската глава в раце. Дејан ја прифаќа. Шокиран е.

Затемнување.

17. Страст

Две преплетени тела се свиваат во полумракот исполнет со долги, сини сенки. Во собата на Оља, Панче и Оља водат љубов. Во полутемницата на собата свети радио, од кое допираат звуците на популарна италијанска мелодија од времето. На прозорецот се пали и гаси синиот рефлекс на оближна неонска сијалица. Трепка фирмата „Синоличка“.

Share this post
  • Previous Post
  • Next Post

About Author

Томислав Осмали

ТОМИСЛАВ ОСМАНЛИ (1956), романсиер, раскажувач, драмски автор, сценарист и есеист. Автор на над триесет прозни и драмски дела. Добитник е на наградите Крсте Мисирков, Мито Хаџивасилев Јасмин, 13 Ноември (двапати), Роман на годината, Млад Борец, Рациново признание. Позначајни дела: Дваесет и првиот, Пеперутката на детството, Зад аголот, Бродот Конзархија, Салон Бумс, Апокалиптична комедија, Двајца во еден.

ЕЛЕМЕНТИ – Број 7

ПРЕВЗЕМИ Број 7

ПОДДРЖАНО ОД

Министерство за Култура

Град Скопје

ЕЛЕМЕНТИ

  • Блог
  • Драма
  • Есеи
  • Интервју
  • Поезија
  • Проза
  • Скопје

ЗА НАС

ИЗДАВА

ЗРУМ „ПЕРУН АРТИС“ – Битола

Главен уредник

САШО ОГНЕНОВСКИ

ISSN 2671 - 3950

КОНТАКТ

Цар Самоил 126а
7000 Битола

info@elementi.mk

ЕЛЕМЕНТИ

  • Блог
  • Драма
  • Есеи
  • Интервју
  • Поезија
  • Проза
  • Скопје

ПОДДРЖАН ОД

Министерство за Култура

Град Скопје

© Електронско списание за книжевност - ЕЛЕМЕНТИ