КОНКУРС ЗА СЕМЕЈНА ПРОСЛАВА (ИЗВАДОК)
Им се обраќам на оние
Кои купваат користени четки за заби
За тротоарот и забележуваат
Дека работата е веќе завршена
Кои веруваат во чадори
Дури и на бомбастично време
И се целосно мокри од пот
Кои имитираат истрел во стомак
За да пројдат на регрутирањето
И притоа се толку убедливи
Што искрвавуваат
Кога би се радувале
Ако тужнци им го опседнат лицето
Без првин да прашаат за дозвола
*
Им се обраќам во последните минути
На Вилхелм Густлоф, на татковината во пламен
Им с еобраќам на оние
Што ен го забележуваат фитилот
Кој од зборовите достигнува до минатото
Кои пловат по балтичко море со ногалка од стол
Кои ги осветваат сантите мраз во кондензирана вода
Кои по бурата бараат камчиња со дупка
И килибар, на оние кои упатените во геологија
Кои секогаш наоѓаат алги но никогаш влакна.
*
Им се обраќам на оние
Кои на рибиниот пазар се надаваат за ајкула
Ја фрлаат повторно во Елба
А не им текнува ништо друго
На темата слобода
Кои поседуваат лулашки за во градина
И доволно нагорнини
За цел живот да се кажуваат по скали
Кои ги пружаат дланките за капитулација
А притоа тврдат
Дека посегаат по ѕвезди
Кои мислат дека северно море е звук
Кои си притискаат
шише на очите
кои го удвојуваат влогот
а излегуваат без да го покажат листот
*
Имс е обраќам на птиците преселници
На кои од срце би сакал
Да им верувам
На танцувачите, обидувајќи се
Да ги замислам во самракот, со нивните
Нозе од јаглерод
И се обраќам на жилите
На мојата слепоочна делта, чиј тек
Се обидувам да го лоцирам во светлината
На тоалетот а посетители на едно спомен-облежје
Притоа зебележувајќи дека веќе се
Повторно сум заборавил
Им с еобраќам на оние
Чие иселување е планирано за денес
И кои знаат каде ќе ги остават книгите
Кои знаат песни
За кои никој веќе не сака да каже
Дека ни претходно не ги сакал
На оние, кои топат подземни плодови
Во солена вода, кои се радосни
А знаат дека е без причина
Кои на боговите им ги жртвуваат своите очекувања
Кои разбираат само уште лирика и ниѓто друго
*
На крајот им се обраќам на оние
Кои веруваат дека ноќе празните огледала
Го чекаат нивното напуштено лице
Оние, кои ги закопале уплаканите очи
На своите родители, а притоа биле неизлечиви
Како вечерното небо
Оние, кои се како ластовиците
Кои спијат во лет
Кои, на крајот, паѓаат од небото
Безмногу врева